таков (зам.) - свој (прид.)

Ете, со таквото свое однесување, самата ги удри темелите на невообичаениот почеток на нивната заедничка живеачка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Му беше срам од таквата своја одлука, дури и пред адвокатот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Жената го води таквото свое маже и жедно преку вода и неудавено во бунар...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Таквиот свој статус, единствени но само формални стопани на Потковицата, и статусот на Потковицата, неподелена, Акиноските го задржаа до 1593 година.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И почитуваниот Богдан Јанков имаше еден таков свој континент, делче на светот што само нему му припаѓа и за него е непроменлив: ја одржува мекоста за нечујно чекорење меѓу проѕирни габери, бресилки и дабови, и за негово лежење, детски, ничкум, со чело на синкав мов, под јата златоперки, или жолтавки, или саријасми, како што одамна со туѓ јазик се викале денес се сосема ретките и скоро заборавени преселни птици, по боја и по необичност блиски, поточно слични на парче сонце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- И сега, гледајќи ја Циљка, се потсети на едно такво свое стоење скраја од патот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)