таков (зам.) - нов (прид.)

И кога таму има некого, и кога нема: и кога е ден за продавање на новите запленети, и кога не е: и кога има такви нови, и кога нема.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не ја соблече никогаш македонската носија: белата долга кошула и црвениот излитен долг елек, кој се припиваше покрај нејзината слаба снага, па не беше некако спласнат и ги немаше оние цврсти нагласени набори, како кај ист таков нов елек.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)