Но тоа не му пречеше на отец Арсенија да управува со таков голем чифлиг, та и Стале не се беспокоеше и не гледаше некој недостаток во тоа што не е писмен.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И не само за такви големи работи Толе судеше.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Обесправената направи давија на бацка Толета и овој ја извиде работата на сретсело пред сите селани.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
АРСО, ТЕОДОС, ПОЦКО, АМПО И ЦОНКА ТЕОДОС: (Доаѓа прв просто бегајќи пред Циганите кои идат по него.) Јас да бидам цигански кум, тоа ли е ред!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Стариот Циганин не пушта од рака таков лов, таков гопем крап. (Од десно се слушаат гласови.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Неговото заминување го сфатив како голема утеха за мојата лична мака – дека сите некаде во странство биле, само јас не.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Што е најчудно, не чувствував ни најмалку љубомора, ако си велев, сега тој нека оди, поголем е, и штом нему може да му се оствари таква голема желба, еден ден и мене ќе може. Значи, не е неизводливо.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Наполно допуштам, дека ти беше среќен со мене, затоа што и во најголемата несреќа таков голем егоист, каков што си ти, секогаш ќе ја најде за себе сигурната поткрепа во самиот себе.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Тоа што ја чини пријатна специфичност Набоковата проза, е тоа што таа, не како се читаше, туку како да ја гледавме, што произлегуваше од мизансценската дарба на писателот, сега во драматуршки услови стана главно, а речта на хероите (личностите) добива изразити лексички достоинства, што е таква голема реткост.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
- Ти уште ќе ме тераш да ти правам ќурк од еден таков голем волк.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сето тоа го рече со една таква голема возбуда, радост што беше неможно да не му се верува.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Стрикото Лентен беше единствениот обичен, незначителен човек што имаше таква сила над татенцето, Токму тоа, таква голема, чудесна моќ да го запре во најголемиот бес.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се колнам, тој беше еден таков голем, страшен смејач.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И како тогаш да не се запрашаме дали Иван Степанович не е првиот кој ја открил сличноста на својот син со Генералот?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Јас и денес тврдам: кога ќе се случи ваков вид откритие, или таква голема сличност каква што е сличноста на малиот Алексеј со Ролан, зар нема прв да се посомнева и прв да ја открие прелагата токму законскиот татко?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Оваа помисла ја прифатив како потврда на моето мислење дека од таква голема височина некои навидум ситни нешта не втасуваат до нашето око.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)