Тоа го сторија во првата година; во втората, пак, откако со исто такви ѕидови, во кои како некој вид проток, вградија капиџици, тој голем и легнат од север на југ правоаголник го поделија на четири еднакво големи и исправени од исток на запад правоаголници, пристапија кон подигање на зградите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ѕидот со полиците како да беше нешто непостоечко и затоа му изгледаше невозможно таков ѕид да се сонува, а на куферчето добро се сеќаваше само не беше сигурен дали куферчето му беше препознатливо илине.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не веруваш дека има и такво нешто! Постои, постои таков ѕид.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тука нема таков ѕид што да ги брани востаниците, како Балканите во Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Впрочем, и во други градови се случува сите ѕидови да имаат уши. Какви времиња, такви ѕидови.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Колку луѓето да останат сами со себе, да избегат од очите на другиот, не водејќи сметка дека здивовите им се слушаат и преку три такви ѕида, а да не спомнуваме за гласното испуштање на ветрови.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)