Меѓутоа, таквиот чекор Министерството за надворешни работи го сметало за непромислен бидејќи во тој момент се воделе преговори меѓу југословенската влада во емиграција и НКОЈ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Тоа ме порази бидејќи пораката на Ема, јас бев убеден во тоа, беше јасна: моите скришни погледи кон нејзините колена додека ја претуравме муницијата, биле доловени од некој агол кој барем за миг ја скривал искрата за која обично стануваме свесни откако ќе пламне во оган што нè обзема и во кој влегуваме без да размислуваме за крајната цел и за смислата на таквиот чекор.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во пет такви чекори можеше да го согледа целиот свој живот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
- Не верувам дека би се решил на таков чекор... Посебно не сега....
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Можам, можам, не грижи се. Кога ќе легнеш, ќе видиш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И отишол со таков чекор како да ќе стапи во непомирлива војна со сите сомневања што со змиска мрзливост се влечеле околу живите и им розгале на соништата отров од кој и срцето се скаменувало. Секако.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Затоа и помислувам дека онаа вечер кога ја осатавив на цедило Дуда можев да сторам и таков чекор кој засаекогаш ќе ми ја изменеше судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А можев и сето ова што сега го велам да го турнам во бунарот на заборавот и да сметам дека не било допрено ни од здивот на стварноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но сега, кога беше сигурен дека Чанга и козите се живи, кога се воспостави мостот помеѓу избраната смрт на Чанга и можниот живот, кога на овие страдалници повторно им се врати надежта, татко ми стануваше уште попотиштен, скршен што не можеше да го стори спасоносниот чекор. Таков чекор не постоеше.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ниту пак умеам такво нешто да сторам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но за таков чекор не сум спремна.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)