Во такви часови, место да паднам, растев во неговите очи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но тој се тргаше од настаните, не сакаше да им се врати прецизен и студено да ги измери; уште повеќе- времето тогаш стоеше, и тој, во такви часови, можеби само за еден миг, беше вон од тоа време, во беспростор, сиот во искинати сеќавања.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со скокотливи мравки во грлата, движења на топлина што измамува и ги распливнува трагичните мисли за крајот на животот, најстарите се погледнувале со надеж.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во такви часови, додека лазарски се исправувале со нејасни радувања, очите им се изострувале како и што им доликува на умните.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- По домаќиниве ќе плиснеме само вода за среќен пат. Никој, разбирате, солза да не пушти.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во такви часови, место да паднам, растев во неговите очи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Можеби во такви часови Аритон Јаковлески веруваше дека ќе наплати за сѐ изгубено во животот. Кутриот човек!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Проклет да бидам, нашите татковци.) Во таков час, кога ќе ги сретнеше нашите погледи стриче Силе Николоски, проклет да бидам, дури тогаш ќе се сепнеше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Колку што можевме да дознаеме; Аритон Јаковлески до последниот час, и покрај сета мрачност и мраз во душата, сепак тој, човечецот, си умел поубав крај, дури се надеваше, имаше такви часови кога страсно веруваше во своето дело, значи - тој имаше некаква подлабока надеж.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Отрув ти се сторило, оди, оди! избезумуваше вујната во таков час.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Проклет да бидам, во таков час дедо ми целиот се растопуваше, стануваше сина, болскотна капка.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во таков час тој секогаш некако вардеше да ја скубне, измислуваше секакви итроштини, стоеше на нога, коњчето го тераше да наведнува глава, да биде учено момче, да поздравува ученици, зашто тоа се многу учени луѓе, умни, зашто младите момченца се исто така едни такви добри коњчиња, благородни.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)