Ако успее да ја начека сама на маса, некаде во средината на просторијата, не премногу блиску до телекранот и со доволно силна бучава од гласови, и ако таквите услови се задржат, да речеме, триесетина секунди, ќе биде можно да разменат неколку зборови.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но и во такви услови љубовта опстојува. Македонија е земја на љубов!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во такви услови, она што му останува на театарот е да се приклучи на сценските изјави кои го доближуваат до ритуалот и игрите во кои доминираат визуелното и звукот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Познато е дека луѓето под маска доживуваат еден вид транс, затоа што се наоѓаат на тенката линија меѓу идентитетот и алтеритетот, меѓу она што сум јас и она што ме прави маската (не-јас); во таа двосмисленост на идентитетот (како и кај проклетиот формулар што се вика пристапница) се состои трансот, карневалското чувство на еуфорија; во такви услови анално-гениталните опсесии стануваат неминовни (по тоа не се разликуваат партиите и карневалите); и треба да се види допрва зошто двојството на идентитетот, по правило, кај сите народи и култури, се сврзува со анално-гениталната метафорика.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кои се тие да поставуваат такви услови и во чие име?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пресудно во однос на промената на нивниот став бил поразот на Франција и евакуацијата на британските сили од Денкерк.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во такви услови печатот на САД ја презел на себе активната партиципација во анимирањето на јавноста околу потребата да се напушти изолационизмот и во алармирањето на опасноста од фашизмот не само за Европа туку и за САД, кои се чувствуваа сигурни зад океанот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Па покрај тоа што сум знаел дека постојат секакви луѓе, особено изроди, сепак сум успеал да дојдам до заклучок дека луѓето се мразат еден со друг и нормално во такви услови послабиот да носи многумина на својот грб.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Верувам дека ги здоболело до срце кога ме нашле во такви услови.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И за чудо беше. При такви услови на животот оваа беговска стока се множеше од секоја друга повеќе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во такви услови, правењето на културно списание кое држи до некаква си компатибилност со светските културни случувања, и кое не е само одвратна локална збирштина на паланечки трубадури што така, будалесто безглаво, ќе заталкаат и во 21 век од своите деветнаесетовековни собички на еден елегичен националромантизам - е прилично деликатна работа која бара барем толку идеализам и романтизам колку што имало во вистинскиот 19 век, кога публиката (на Маларме, на пример) се броела на прстите од рацете. 4 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)