Формирањето на СОЕ во летото 1940 година претставувало новост, бидејќи никогаш дотогаш не постоело едно тело кое било формирано и организирано со специфична задача да води акции и операции од таков тип на непријателска територија, на територија под непријателска окупација и во неутрални земји.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Покажувајќи отпор кон таквиот тип на површност и неодговорност но и знаејќи дека тоа не значи автоматски и неталентираност, се обидов малку да го растресем Дејан, во што успеав само делумно.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ескапизмот жари и пали низ Скопје деновиве, го делат како малубројните богати така и масата сиромашни, како талентираните и привилегираните, како Дуковски, така и будалестите и очајните.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сепак, не бев таков тип на девојка, во принцип мразев туѓо, не давав свое, не се плеткав со двајца од исто друштво или роднини, избегнував бивши на другарки и на братучетки.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сите тие што се подложни на стрес и инфаркт би требало да се воздржуваат во поставувањето на провокативни прашања од таков тип.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
По сѐ изгледа дека тнр. гравури од Виндзор, на пример, кои светот едновремено симболички го покажуваат во неговата прасостојба и во неговиот катаклизмички самрак, настануваат токму врз темелите на таков тип “леонардовски” визии.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
- Нема врска, група од таков тип и со таква концепција е осудена на пропаст.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Инаку, околу Енцесбергер се расправавме; господинот Бузони рече дека тој тип на јазик личи на лелекањата што допираат од нашите културни импотенти навикнати на државни привилегии и дека Маргина не е место за таков тип текстови; господинот Вулкански (во нашата Бетмен-редакција што се наоѓа под дното на реката Вардар, во присуство на неговото верно куче Пингвин и уште пар сведоци по огледалата) одговори цитирајќи го Ханс Магнус: „Пара не прави уметник”, не го разбираш Енцо, тој е бескомпромисен пред сѐ кон себе и тој никогаш нема да падне на нивото на македонскиот културен работник, да пита плата”.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Нели, тој е таков тип: без извиненија, без пардони.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како гледаш на тоа?“ Мандиќ напиша нешто друго, имено, дека таквиот тип интелектуална критика кај нас бил непознат, што е точно.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Да не ни беше згадена било каква помисла на оружје по босанскиот крвав пир (чии инспиратори беа исти такви типови ко што сте вие наутро во огледалото, со вашата грижа за “сопствената нација”, семејство, а пред сè за вашиот дебел г’з и чувство на комфор) може и ќе игравме некаква игра видена од италијанските и германски “леви” терористи во седумдесеттите.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)