таков (зам.) - суштество (имн.)

Колку што знаеше тој, можеби никогаш не постоел таков закон како jus primae noctis, или такво суштество како капиталистот, или некој таков дел од облека како цилиндерот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А во врска со последиците само ќе додадам дека човекот е такво суштество: со негодување ги дочекува настаните за кои знаел дека наскоро може да се случат, но ете, тие се поиграле со неговите предвидувања: пристигнале порано, иако можело да се случи да пристигнат и некој ден подоцна од планираното.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Порано чувствував одбивност кон таквите суштества и за мене беше неутешно кога размислував дека така завршиле толку многу луѓе од нашиот занает…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега мислам на сето тоа без страв, односно не мислам дека тоа е поужасно отколку кога тие луѓе би издивнале од нешто друго…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)