таков (зам.) - судбина (имн.)

Но, сепак, примерот на Иберискиот не беше следен и на Балканскиот Полуостров! дополни Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но таквата судбина на Балканот му донесе жива културна разноликост и голем цивилизациски потенцијал?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Има зборови кои не трпат објаснување, тие самите за себе и по себе ја содржат сета содржина пластена во нив во текот на времињата. Таква судбина има занданата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Не, не, не е можно! Та не сум јас кралица на сите баксузи, та таква судбина да ме снајде.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Често ќе чуел од неа некој сожалив збор упатен кон него тешејќи го или влевајќи му надеж и храбрејќи го во мигови на разочараност и депримираност да издржи, зашто такви судбини има многу на земјава, дури и полоши, потрагични од неговата - а сега никако.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Деновиве нешто слично се случува и со Петре Прличко. Се мислам дека таква судбина ќе ги стигне и веќе починатите: Џувалековски, Илија Милчин, Вукан Диневски итн.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Заедно исти се наопаку да постават. Со таква судбина треба да се коле со заби.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еднаш мислев дека е далеку од мене и од многу други луѓе, дека е само за една мала шепа луѓе, една таква судбина на одбраните на оние што сакаа и што се бореа, што живееја само за да сакаат и да се борат, и што најпосле успеаја да го преуредат животот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Треба сега да помислам добро на една таква судбина си рече, сигурно ќе ми биде од полза, штом почанав да ги сфакам вака добро неговите зборови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
11. СО ПЛАЧОВИ НЕ ЖИВЕЈ, А УМРИ СО ПЕСНИ - e, за таква судбина би имале и нештичко против, туку кај да најдеме таков почитуван весник за протести не со зборови, а просто - со ноти...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Таква судбина одбра Абу Амар. Има птици кои се враќаат да умрат во пределот откаде првпат полетале...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неочекувано, задоцнето одговори: - Хероите кои се создаваат во нерамен бој, треба да ја сочуваат храброста за да живеат во лесно непомирливата народна имагинација!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А таквите судбини лесно се случуваат. И секому...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ќе признаам, многу се изненадив кога уште при првата средба со почитуваниот Никола Леко открив дека тој нема разбирање за моите постапки а таква судбина имаа и аргументите кои требаше да го оправдаат моето однесување откако прифатив своеволно едно од ропствата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Е, па гледам,  рекла старата,  изгледа дека е таква судбината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И ќе си имаат различни судбини, толку различни, за да не може да поверува никој дека можеле да постојат такви судбини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)