таков (зам.) - среќа (имн.)

Ќе ја запаметиме татковината најубаво што е можно само за четири дена. Никој немал таква среќа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се вртиш лево-десно по државата и заблежуваш стотици, илјадници, милиони луѓе кои носат во подмишките календари за годините што поминале и чекорат и дишат и изгледаат среќни (Коваќевиќ таквата среќа ја нарекува привидна).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако го служела таква среќа и, се разбира, ако ви е детето прокопсано ќе донесе многу пари. Сте зеле нешто?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И пак го препрочитав писмото за уште еднаш да си го мачам срцето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама, Америка! Дизниленд! Ох – воздивнав – ќе ме снајде ли мене некогаш таква среќа?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си вообразував дека ги забележува тие промени на мене и дека е среќен бидејќи и самиот открива дека и во нашето семејство се запатило убавото; мајка му втасала да се накити со пердувести нешта, а подоцна, ако наиде и таква среќа, како што се случува и со орлињата од Сина Скала, можеби ќе ги рашири рацете и ќе полета.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
(Ова го велам преносно. Веројатно имате слушнато дека радоста лета)“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А таквата среќа е многу кревка: може да пукне како меур од сапуница.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Немаме ние таква среќа, велеше, да се раниме со мед.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)