Па така, менувајќи го својот живот, ја најде целта на своето постоење, си ја виде смртта и сфати дека неговото постоење од тој момент може да биде само такво, а целиот негов живот ќе го води само кон таква смрт, преку која тој конечно ќе му биде близок Нему, ќе биде до Него, без овој параван на земниот живот меѓу нив двајцата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Навечер, ќе се слушнеше пукот, ’рскот и ропотно паѓање на дрво на кое далечината не можеше да му се одреди зашто укитот и сулундарите по стреите долго одѕвонуваа во темнината, како да офкаа наместо дрвјата осудени на таква смрт.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Му прилегаше таква смрт, - рече еден од нив, - тој цел живот беше полицаец, а тие и треба така да си умрат, без мака, болест, предупредување и стоечки.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Споулавениот и кога живее е мртов. Ние не одобруваме да го казниш со вила. Од таква смрт и крмнакот се повампирува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не бил ни постар ни помлад од другите и како да наслушувал нечиј глас што веднаш ќе го повтори.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)