Практично ретки, а можеби и целосно се исклучени случаите фонетското множество од едниот јазик целосно да се совпадне со фонетското множество на другиот јазик, обично, во секој од компарираните јазици се појавува извесно множество од звуци, карактеристични само за конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Природно е, натаму, да очекуваме, системите на писмо со поголем број на графички симболи за изразување на фонетските единици да се стремат да го надополнуваат количеството до наредната критична бројка, доволна за означување на илјадите, т.е. до 36 знаци.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во таков случај, во одново создаденото писмо настанува замена на фонетските значења на системот на писмото-прототип со фонетски значења специфични за дадениот јазик и притоа се сочувуваат местата на знаците во алфабетската низа, кои се наследени од парадигматиката на писмото-прототип.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во таков случај, повторно можеме да се сретнеме со појавата на внесување во системот на писмо на графички симболи без фонетска вредност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во таков случај рокот за изјавување на правен лек во поглед на поправениот дел на пресудата тече од денот на доставувањето на поправениот препис на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако меѓу оригиналот и преписот на пресудата постои несогласност во поглед на некоја одлука содржана во изреката на пресудата, до странките ќе се достави поправениот препис на пресудата со назначување дека со овој препис на пресудата се заменува поранешниот препис на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Се уплашивме сега татко ми да не одговара за навреда на Сталин. Имаше такви случаи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Каква збрка би настанала во таков случај!
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Во сето тоа кај него, и што е обикновено во таквите случаи, немаше некој систем, но подоцна, кога стана прашање за историјата на неговото семејство Кочо, видов дека е неверојатно прецизен.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Овде се зима царина за ракијата ако е повеќе од еден килограм, а такви случаи имаше многу.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Хрисостом го бодреше дека во зафатот ја имаат поткрепата на сите Закинтјани, иако понекогаш ни самиот не беше сосем уверен во тоа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така во семејството Голдблум се формира една врска на силна и меѓусебна наклоност што, како што тоа бидува во таквите случаи, во нив двете продолжи дури и по смртта на Леон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Постоеше можност некој да ги открие засолнатите и само еден таков случај можеше да ја уништи целата операција.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На некого му расцветал лактот, на некого панталоните, некој е целиот засален, а општиот наш парталав изглед покажуваше дека пред интернатската управа стои за решавање еден комплексен проблем на преоблекување и преобување, во кој моите чевли се вклучуваат само како ситна подробност, а тоа, се разбира, како и секогаш во такви случаи, ја усложнуваше работата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И покрај тоа, кога се бавиме со пациент којшто е активно психотичен, мораме да го преземеме ризикот на преведување на пациентовиот јазик на нашиот, освен доколку не сакаме таквиот случај да го прикажеме со јазикот на шизофренијата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Борина во таквите случаи не се клава да не светни куќата и да ги види некој од баџата, оти за дупките Митра се погрижи та одамна ги затна со крпи: „да не ѝ дува северот“, — им велеше на жените, кога ја прашаа што толку иззатнала.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ж: Добро, во таков случај знаете што треба да правите!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ужасно е во такви случаи.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во таков случај тие морале да се консултираат со Форин Офис за да се следи политичката линија која била од интерес за државата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Дали во таков случај волјата на работодавачот ќе преовладее и истата би ги дерогирала закoнските норми донесени од страна на надлежните државни органи!?;22 ● поранешната обврска на работникот да го извести работодавачот за сите заканувачки опасности по животот или здравјето на другите пред нивното настанување, или по настанувањето на материјална штета, претрпe измена со тоа што сега работникот е должен веднаш да го извести својот претпоставен или друго овластено лице кај работодавачот, но сега само за веќе настаната материјална штета, што секако не е во полза на работникот, бидејќи тој согласно постоечките позитивно - правни норми од ЗРО, индиректно одговара за материјалната штета која би ја претрпеле трети лица, а за која работодавачот во иднина би можел да ги рефундира трошоците од работникот (чл. 13 од ЗИДЗРО/септ.10); г) одредени измени, повторно на штета на работникот, претрпе и чл. 35 кој ја регулира обврската на чување на деловна тајна.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Исто така, ако работниот однос според ЗРО може да се откаже спогодбено или по волја на работодавачот и во такви случаи работникот стекнува статус на невработено лице и се води во Агенцијата за вработување на РМ, но доколку работниот однос е откажан по волја на работникот, тој не може да го стекне статусот на невработено лице, односно не може да се пријави во Агенцијата за вработување на РМ, се поставува прашањето која била целта на законодавецот од една страна да му даде право на работникот да може да го откаже договорот за вработување по негова волја, а од друга страна остварувањето на ова право да претставува 46 Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Сл. весник на РМ, 88/2010. 47 Одлука на Уставен суд, У. бр. 173/2010 од 22.IV.2011. 54 пречка тој да стекне статус на невработено лице, односно да се пријави во АВРМ и во таков случај да ги остварува правата во случај на привремена невработеност, ако исполнува одредени услови. 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Не, си реков, црните луѓе никогаш не се афирмираат до издвојување зашто во таков случај тие би се идентификувале, и добрите стрeмежи на луѓето би ги ликвидирале.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Често, тие неколку лажички така се зафрлуваа што тој немаше со што да си направи кафе, и,во таквите случаи беше готов да направи скандал со што, всушност, си го оттргнуваше вниманието од она на што требаше да го сосредоточи.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Понекогаш успеваше да ја набљудува како научникот својот предмет на проучување, та во таквите случаи таа го потсетуваше на глушец фатен во стапица со надеж да се ослободи или, уште подобро, на славеј во кафез којшто заборавил дека песната е единственото негово решение на животниот проблем во кој се нашол.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Се загрижив за можниот потфат на мојот братучед кој би ми бил единствената надеж, надежта, што очигледно, во таков случај, воопшто не би ми била потребна.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
-Имало поприлично такви случаи, кога поединци ќе ги погазеле наредбите... затечени од непредвидливите околности, иако не можам да поверувам дека такво нешто му се има случено и на Ѓурчин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Јас го прекинав: - Мислите дека можело да се случи сѐ да било поттикнато од желбата на мајка ми, а тој, командантот се нашол затечен, или му недостасувале сили и умеење да ја избегне нејзината натрапливост?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во таков случај му помагаш на умот да ги обмислува нештата што не се во спротивност со волјата на господарот".
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во таков случај, невистинитото ќе се претвори во вистинито, неможното во можно.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И во таков случај не може да се зборува за етнографска целост меѓу Бугарија и Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Значи, ако и ние се лажеме во претпоставката оти националниот сепаратизам ќе биде поддржан од комитетите, од Организацијата и од македонската интелигентна колонија во Бугарија, тогаш, и во таков случај, доста е една силна српска пропаганда во Македонија за да земе најголеми размери националниот сепаратизам.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во таков случај, има ли смисла понатамошната борба? – По моето мислење, нема.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во таков случај позајмувањата, особено културните, стануваат посвесно и поскоро.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Дали ние Македонците /Словените/ во таков случај ќе можеме да се поздравиме со успех? Мислам, не.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во таков случај и Грците и Патријаршијата ќе ни се објават за непријатели на нашата народност и наш свет долг ќе ни биде да ги одбиеме сите грчки напади на нашата народност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во таков случај секој ќе беше свесен оти не само Македонците, ами и Бугарите од Бугарија и од Тракија прават еднаква со нив отстапка во полза на центарот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во таков случај, говорот се губи затоа што зборовите можат само да го растурат она што мажот и жената го знаат еден за друг.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во таков случај би биле сигурни дека никогаш не ќе ја заменат Македонија за едно подолго спиење или излежување.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Се разбира, во таков случај, никому нема да му падне на ум да каже дека имаме „партиско-кадровско цунами“, оти цунамито нема врз што да дејствува, всушност, никој нема да го види, а уште помалку да каже дека последиците во театарот се како после ударот на неправедно омаловажен ураган.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Што прави актерот во таков случај?
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во таков случај, драги мои, имаме само еден пат и тоа е за нас вистинскиот - да заборавиме на политичкиот театар и да си се приклониме кон партискиот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Одењето во црква на миса и на молитва може да биде желба и истата, еден ден под влијание на волјата, да престане, (во таков случај, си го обрал бостанот зелен), но ако е нужна потреба, тогаш тоа може да ефектуира со позитивни резултати затоа што врз нужната потреба волјата не може да влијае, па колку и да е цврста.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Мене секогаш 146 okno.mk несрдечно ме дочекуваа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Па немаше ни сега да одам да не е таков случајот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сите помислија дека и ова е некој таков случај.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Имало и такви случаи, вели Костадин, кога господ бил и на наша страна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Секако“, мислам богохулејќи, „во такви случаи боговите помагаат, испраќаат коњ кој го нема, поради итноста додаваат уште еден, па уште и те даруваат со коњушар.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ставаат пред мене чаша рум, стариот ме тапка по рамото, предавањето на тоа богатство ја оправдува интимноста присутна овде.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ако ги разгледаме и останатите индогермански јазици, тогаш сразмерно расте и бројот на таквите случаи.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Жива зараза, се шири со брзина на светлината. Се пренесува преку магнетни бранови. Единствен таков случај.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Случајот го поврзуваше со слични такви случаи од борбата и беше неможно тогаш да го запреш, пациентот нека си умре тој ќе раскаже за сѐ, во подробности за тие страшни фортуни од војната.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во таков случај ѕвонарот во одреденото време се качуваше малата бина што беше поставена среде двор и од тоа место почнуваше со своето ѕвонење.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Понекогаш нетрпението дури надвладува, зашто во таквиот случај, просторот за излевање на нашата агресија е ограничен на една точка.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Во таков случај, ангажираните невработени лица земаат надоместок за извршената работа, кој не може да биде помал од утврдениот износ на платата за ист вид на работи според колективен договор (чл. 16, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
МЕШАЕВ: Во таков случај ќе се ограничам на тоа, што ќе ви го честитам роденденот, почитувана Антоњина Павловна. (Подава подарок)
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
ШЕЛ: Во таков случај дозволете да ви соопштам... само што дознав, кој се вратил, јас со растревоженост се сетив, дека денес на пладне од кај мене купија револвер од системот “Браунинг”.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
ТРОШЧЕЈКИН: А, во таков случај, повелете наваму.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Или е она во него: ѕвонење, развлечен бескраен писок, што го исполнува и движи, што секогаш го движело во такви случаи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
- Ременот е најдобрата алатка за разрешувањето на таквите случаи - реков - но за точката во циркузот скалпелот бил многу поатрактивен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И што правев при таквите случаи? Можете ли да си претпоставите?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тргнував по тие познати а лажовни виденија. Чекорев како слепец воден од ременот на нивниот пес.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Можеби имаш право - се согласи со мене Господ Саздов кога му ги изнесов моите гледања во врска со приказната за овој случај.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но во таков случај од каде сите оние поединости што толку сигурно се поврзуваат?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во таков случај значи однапред донеле пресуда и сега останува да ги прифатам обвинувањата и да признаам некое свое самоинцијативно учество во ноќниот кошмар.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Земени се во предвид и таквите случаи“, побрза да му излезе во пресрет службеното лице.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Слушнав чекори, а потоа: - Господине генерале Чолакоглу, - тоа е сигурно министерот Рендис си помислив и начулив уши. – Вие како командант треба да знаете што треба да правите во такви случаи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
ТАЈНАТА ВЕЧЕРА -Ако на глава ти се помоча лилјак, ќе оќелавиш - му вели господинот Сенка на Дипигус, вообичаено страшно смеејќи се.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
И така од секогаш било! Таква му беше природата!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тоа е прв таков случај во модерната уметност.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во таков случај грамофонот не би ја исполнувал основната намена, а таа е да биде совршен во таа смисла што ќе ги репродуцира сите звуци па и оние кои се фатални за него, што јасно, е невозможно.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
При крајот на 19. век култивирањето на naïveté се апсорбираше во поширок интерес за истражување на она што беше закопано во високоразвиената култура 104 Margina #21 [1995] | okno.mk на fin-de-siècle Европа.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А: Така е. Сега ја разбирам кваката.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
И уште ова: понекогаш господинот Призрак упаѓа во таква специфична состојба што не може да изусти ниту збор; при таквите случаи, кога состанокот на Силите на Доброто веќе е закажан или неопходен, господинот Призрак, во својот замок-музеј, наредбите ги пренесува или со помош на со сенки испишаните букви по ѕидовите, или уште понеобично: со помош на низови од слики (скоро како стрип!) кои доволно јасно (иако понекогаш потполно нејасно, па доаѓа до хаос!) објаснуваат што всушност (Бедмен, Мики Хаос и Јанус) треба да направат.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Фантазија (наслов на една слика на Делакроа) - коњичка разонода на арапските коњаници кои галопирајќи изведувале различни движења, празнејќи си го оружјето и извикувајќи. (забелешка на преведувачот) Margina #21 [1995] | okno.mk 139
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Куртиал, во таков случај, од толку што беше авторитетен штом ќе се разлутеше, ќе го згмечеше в џеб и најненаситниот манијак, ќе го набуташе веднаш во глувчешка дупка.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сепак, и во такви случаи, разговорот тече.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Дали повторно нема да забележам нови лузни, ново изместување, нови тешки траги кај неа?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тогаш му реков: „Е, во таков случај веројатно оној поставен со рубли генералски шинел ќе мораш ти да го носиш. Но без постава.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Можеби и му се умилкувал, дека тој лично, Иван Степанович, се потрудил нему, на својот верен пријател да му ја приреди таа чест, тој да ја воведе девојката во нејзината нова професија.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Можеби го викнал Ролана и го довел до некоја замрачена соба во куплерајот“, си претпоставуваше таа, „до некое сопче од оние горе, на катот, во Градината што не ѝ го знам ни името, и го замолил да влезе во собата и да го стори она што обично, во таквите случаи, им се прави на курвите, уверувајќи го дека е во прашање некоја нова девојка, некое златно суштество.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во такви случаи треба да се внимава.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Зедов нож, го однесов во дуќан да го наострат.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Посебно ги загрижувала неможноста да се реализира ветеното меѓу Сталин и Черчил на состанокот од октомври во Москва, кога била договорена процентуалната поделба на териториите во одделни држави во југоисточна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во разговорите што ги водел со највисоките југословенски политички личности и со намесникот, кнезот Павле Караѓорѓевиќ, Донован бил многу јасен кога истакнал дека Кралството Југославија не ќе може да се надева и да смета на помошта на западните држави ако пристапи кон Тројниот пакт и во таков случај нема да го преживее крајот на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во таков случај британските експерти сметале дека таквите барања "нема да бидат поддржани".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тие биле свесни дека доколку Советите се "закотват" во југоисточна Европа, ќе биде мошне тешко да се изнајде такво решение кое би било поволно за Британците, бидејќи во таков случај сите карти во преговорите би биле во рацете на Советите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Овие разговори се совпаднале и со упатената порака од британскиот премиер Винстон Черчил до претседателот на Владата, Драгиша Цветковиќ, во која се нагласувало дека Черчил е уверен во конечниот пораз на силите на Оската, а исто така дека и распаѓањето на Кралството Југославија ќе биде неминовно доколку тоа тргне по патот на Романија и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во однос на соработката со протегеровистите тие биле убедени од контактите воспоставени со нив преку г. Д., кој „имал доверба во нивната лојалност и нивната способност и кој ги поддржувал преговорите со нив“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во таков случај, како соработник на атентаторите, Гарванов ќе одговорал за истото дело како и гемиџиите и ќе бил суден од истиот Вонреден воен суд и неговото дело немало да се префрлува во цивилен суд.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Европската колонија во Солун ја притискал стравот од нови динамитни атентати, а особено од репресалиите што во таков случај би можеле да се очекуваат од муслиманите и од Евреите - староседелци, коишто наводната европска толеранција кон револуционерите ја сметале за причина што гемиџиите се осмелиле да ги извршат атентатите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во таков случај, веројатно, и притисокот на Организацијата за одложување би бил во голема мера излишен.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Има да се изнаразговара, и со познати, и со непознати, а се случува и да се изнаслуша маки и јадови што ги мачат пациентите на татко ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Во такви случаи татко ми се однесува како да е случаен минувач низ куќата, или како незаинтересиран гостин кој се чуди што тоа се случува, оти, нели, не е од нашето семејство и нема удел во настаните и односите во нашата куќа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Освен, ако некој не е специјално заинтересиран и чека телефонски повик, е, тогаш, во таквите случаи, тешко си нему.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Јас не разбирам зошто и како е можно мајка ми да е виновна за сите лоши работи, а татко ми да е невин.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)