таков (зам.) - сила (имн.)

Ќе ви бидеме некој ден и друг пак вам гости, кога Толе ни го откажа своето гостопримство...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но ќе се нареди и таму. Нема таква сила по велешко како овде, — им го кажа своето мислење Ѓорче и ги повика беловодичани што го доведоа него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не си прав — му одговори Толе. — Луѓето со таква сила и здравје не треба да го ведат својот јак грб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не верува Соколе дека во друга би се нашла таква сила да ја растревожи неговата душа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Филозофијата се чувствува малецка и осамена наспроти таквите сили, но и ако умре, тоа ќе биде од смеење.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Трчаше бикот кон кожарата и со таква сила удир со роговите во ѕидот што тој пукна и се свалка пред нозете, како да не беше од камен ѕидан и со години печен, туку како да е детска реденица, лефтерна сувоѕидица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Го купуваме и плаќаме со мердање, - одговори еден од двајцата џинови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Какво јуне!? Бивол нема таква сила, со прст товар крева од илјада кила.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Имаше пред себе една таква машинерија, на која можеш само да ѝ се радуваш, таа ниеднаш не ја истенчуваше својата напнатост, во неа беснееше една таква сила, со која можеше да биде рамноправен, а во сето тоа најмногу се радуваше што ни во своите раце,а ни во бичкијата, не можеше да сети ниедна сенка измореност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не знам како може да се нарече тој миг... просветлување ли или инаку...таква сила и таква радост немало досега во тебе! молкна Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)