таков (зам.) - расположба (имн.)

Во таква расположба Татко го очекуваше Камилски на пресметка со турцизмите во нивните мајчини јазици...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во една таква расположба, недела две пред самата Нова година, Пелагија и Чана заминаа од долното предградие кон центарот на градот, не со умисла да купуваат за себе или за децата, туку да го поминат центарот, да го изодат плоштадот, да завлезат во уличките зад него, да ги признат фотографиите на новиот филм во кино Младина, да излезат на дрвеното мовче преку кое ќе стигнат до малечкото плоштадче пред театарот, и уште потаму, до онаа грозоморна зградурина под Калето што ја викаа Фестивална а беше начичкана со бегалци, со Егејци.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но, не само политичарите се тие што стравуваат оти пукаат со ќорци во масата народ, туку во таква расположба се и некои чинители на уметничкиот израз.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)