Триејќи го челото, се обидува да се сети дали некоја од сликите на апокалиптичниот кошмар што му се повторува, не е некоја од претставите што ги анализираше во својот докторат по ориентални студии и во кој се занимаваше со претставата на пеколот во Куранот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го сонува овој ужасен сон со таква полнота што се плаши да не го сонува повторно, а кога буден размислува за него, не умее да го открие и да го протолкува.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)