таков (зам.) - политика (имн.)

Обидот да се примени таквата политика од своја страна бил меч со две острици: “1.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Посебно тие биле загрижени од улогата на СССР кои според нив бил поттикнувач на таквата политика.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Забелешка: По стапувањето на сила на пресудата слугата Филимон треба да се затвори во визбата и да се држи на леб и вода“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Еве што мислам јас: не, тој тип не беше прост, водеше таква политика за, што би се рекло, и волците да бидат сити, и овците на број.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таквата политика беше шаблон уште од деновите на модерниот европски империјализам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„За пашите тоа било играчка работа“, рече Владе. „А и таква политика воделе - јашасан едни, патласан други! да живеат едните, да пукнат другите. Другиот пат обратно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, за разлика од текот на настаните во ЏИЏ век, кога Велика Британија како свој сојузник ја имал Австро-Унгарија, „која им се спротивставувала на овие руски мерки“, во средината на 1944 година, според британските експерти „нема никој на кого би можеле да сметаме за поддршка“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од своја страна, бугарскиот министер за надворешни работи одговорил дека со таквата политика САД сакаат само „да ја продолжат војната“, но американскиот претставник одговорил многу јасно, потенцирајќи дека „Америка не можела да си го дозволи поразот на Англија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Целокупната таква политика водела кон единствен „природен“ заклучок, имено, дека тие „повторно ќе почнат да тежнеат кон предоминантно влијание на Балканот“ и дека тоа ќе се обидат да го постигнат со истите средства како и претходно, „работејќи на формирање влади кои ќе ѝ бидат потчинети на Русија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според Донован, во тој момент „Бугарија го имала клучот“ на одлуката, бидејќи таа во тие моменти преговарала со нацистичка Германија, односно сѐ повеќе и повеќе растел притисокот врз Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За разлика од таквата политика, на Балканот биле испраќани помлади лица.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И поддршката за владејачката структура се бараше и, особено во раните периоди, се добиваше не врз основа на реално- сработеното, туку врз основа на ветувањето дека токму таквата политика во неодредената иднина ќе доведе до потекување на мед и млеко.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)