таков (зам.) - момент (имн.)

Останав потпрен на рецепцијата, со онаа неверица која нѐ опфаќа во такви моменти божем ни се прави некоја неочекувана неправда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се потсети на возбудата што во такви моменти ја чувствуваше порано.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во такви моменти не сакаше никој да му влегува во ателјето, па и жена му, а и кога ќ е влезеше тој само мигум и само со крајчето на окото ќе фрлеше поглед натаму, без најмал напор ниту пак желба да го препознае онега што влегол; а не пак да му прозбори или да му отпоздрави.  Но овојпат, спротивно на нејзиниот навик, упадна жена му среде разгорениот оган на неговата творечка работа, И без да му остави и миг за да се сврти кон неа, прозборе со глас што одвај ѝ излезе од грлото: „На Нако му се слошило!”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во такви моменти мажите ги губат своите котви.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Смеј се, батка, смеј се! Ама јас лично имам видено такви огнени топки, а еднаш, одамна, една слична ми профуче и над главата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега стоевме кај нејзините нозе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Морам да ти речам дека помислив оти косата што тогаш ја имав во изобилство се обиде да ми ја напушти главата за да тргне по тоа огнено чудо.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Постои таков момент кога смртта и животот прогласуваат примирје - додаде тој.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Постојат и такви моменти, (но тоа се случува на ова место каде што сега се наоѓам), наеднаш да почувствувам дека ми иде да се засмеам до засркнување, бидејќи неочекувано ќе си помислам, "најверојатно тешко му одело проодувањето на мојот Човек Ведран".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем не се случувало и од планината да се стркалаат камења и стебла придружувани од молњи што го изгубиле своето небесно живеалиште.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па знам како му одеше проодувањето на нашиот син Иван.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Постојат такви моменти, кога човек и покрај најдобрата желба, поради многуте објективни околности сепак заскитува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од каде го знам ова кога никој ми нема речено?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имаше и такви моменти (иако се чинеше дека тие беа поретки): зборува, зборува, а притоа дури и ми дава знаци да не ја отворам устата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во таквите моменти човека го опфаќа снажно емпатиско чувство и е во состојба се да стори за да ги извлече (жените) од тоа мирисање на Булгаковскиот пекол.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
“Spoznajnim orgijama očišćeni za sveta dela”, kaže slikar oblačeći Fjodoru njegovu roze spavaćicu, i idu da spavaju pokrivajući ćebetom kaveze s pticama. * sedamnaest godina, mrtav već 70-80 godina, šljapkajući kroz te lokve svetlosti, već vrlo načet tom kišom, zaljubljen - na svim prostorno-vremenskim nivoima - u sličnu takvu avet što mu šapće -razlivajući se, krnjeći se, ili na čas zabljeskujući (Senka) po tim kelnskim zidovima kao jedan varljiv plamičak od već namočenih šibica, što sve (predstavu) gledaju gospodin Frankenštajn i njegov pomoćnik Grbavac koji voli “oble ženske zadnjice od 14 do 50 godina” i jede bube, kroz taj okvir noći, ili samo čitajući urezani kineski tekst?! * “Stameno, pseudototalno”, ta slika - kaže ukolaženi (ko-laž) gospodin Muzil, najrespektovaniji taksidermist od strane tog slikara, a vrlo poštovan (uz gospodina Džojsa, koga tu takođe spominjemo) i od Pandalfa V. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 85 дел II Значи, двете жени се досадуваат додека нашиот Фјодор бара свеќи во кујната.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во еден таков момент на налет на дефетизам, кој ги опфати двајцата, Климент го цитирал моќниот владетел Шарл де Гол, кој во една пригода му рекол на уште помоќниот Сталин: На крајот, сепак, смртта победува!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така, во еден момент Винстоновата омраза воопшто не беше вперена кон Голдштајн туку напротив, кон Големиот Брат, кон Партијата и кон Полицијата на мислите; во таквите моменти неговото срце полетуваше кон осамениот, исмеан еретик на екранот, единствениот чувар на вистината и на разумот во светот на лагите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој таков момент, само во еден краток миг, ја слушнав штамата во ноќта.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во таквите моменти се оддавав на средување на куќата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Затоа се однесував нормално кон тебе, колку што може да се каже тоа, се карав кога ми беше до карање, не ти кажував многу работи што би требало да се кажат во некои такви моменти, не те прашав ниту за некој аманет, некои работи, нешто…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Понекогаш и ние, лекарите, се надеваме дека можеби ете, еден таков момент, средбата со детето, ќе помогне да се растовари...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Учителот во такви моменти се лутеше, гледаше дека Богуле не сака да учи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тогаш сум спремна и на тебе сè да ти простам! – додаде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова ѝ го дофрлив еднаш и нејзе ( се шегував, но на Катерина изгледа ѝ се пристори дека во шегата е содржана намерата да ја вратам во светот на онаа одамна исчезната цивилизација, па затоа и уследи оној жесток касај овде, под брадава).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постојат, нели, такви моменти, кога се појавува во нас самите некоја поделеност што не сме во состојба да си ја објасниме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Има и такви моменти кога ѝ дозволувам на мојата стрвост да владее.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и се случуваше да помислам дека во таквите моменти мојата Катерина постапуваше по примерот на нејзината пра-пра-прабаба кога со еден удар на пиралката ја усмртувала љубовта што ја одминува за да ѝ се препушти на онаа другата што веќе се најавувала.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Многу пати кога ќе се приближеа до моето уво нејзините усни за да ми шепнат некоја тајна, со нејзиниот извезен шепот наидуваше и гризот за кого помислував дека остава и трага.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но тоа сега го заклучувам откако ја прочитав помеѓу наодите на Пачев).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во таквите моменти потхранувани од сомнежот таа ќе побрзаше да објасни ( всушност самата себеси се уваруваше) дека Благоја е способен и низ смртта да помине а без да го забележи проклетницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постојат такви моменти кога самоконтролата затајува. (Нели, чудесна самооценка!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако не била заклучана и ако не бев тропал на таа иста врата (можеби со денови), зошто на многу места на десната дланка заедно со болката израснале и плускавици, слични на зрна од црно грозје?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Реков веќе, стануваше збор за сожалувањата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Токму во таквите моменти на шепотење ќе се случеше да ми го гризне увото и тоа на најчувстрвителното место.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во таквите моменти, одамна имам забележано, зборовите се во состојба да го заобиколат својот вистински господар, дури и здравата мисла ќе ја заобиколат, и ќе бувнат сосема случајно на несоответно место.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Доволно е само да ти речам дека во таквите моменти се чувствувам како оние бикови од арената, пред завршниот удар на тореадорот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во такви моменти, само себичните можат да размислуваат за своите интимни задоволства.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но и во таквите моменти на збунетост и нејасна надеж, тој беше сигурен дека , (иако сонува и посакува еден вид вознес за својата личност; иако се осмелува да ги смета за остварливи и најнедостижните желби), никогаш не му припаѓаше на светот на празните фантазии, туку напротив, целосно ѝ припаѓаше на грубата реалност, или поточно на светот на математиката како што често нагласуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Знам, Батјо, - одговори таа, обраќајќи ми се со името што ми го дава во таквите моменти на специјална нежност.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Колку и да ми фалеа пари, секој таков момент ме одржуваше во тој „центар на светот“.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)