таков (зам.) - мака (имн.)

Ама шестиот ден нешто времето облагна, почнаа да капат стреите и Петрета го фати една таква мака, неиздржлива и лута, што тој не рече ни одам негде - ни не одам, ни да ѕирнам - ни да олеснам црева, туку се скри зад тезгето и куц-куц, ајак-ајак, се исправи дури на крајот од редот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Она за што зборува Офтика во монологот, пред стотина и повеќе години го мачело и рускиот писател, Николај Василевич Гогољ. Од таквата мака излегла повеста „Нос“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Можеби не го гледам тоа, но и јас имам дел од таквите маки. Најлоша мака е маката од жените.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас сум цел ден повеќе со книгите и не можам да се помирам дека и мојата милост, за да можам така да живеам, се издржува од таквата мака на каурот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Изгледа и човечево има таква мака, само што неговата не е црна, туку жолта.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)