таков (зам.) - луксуз (имн.)

- Не ти требаше таков луксуз! - рече доктор Коста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Да простиш, ама како што велиш, таков луксуз е потребен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На секој друг час можеше човек и да си дозволи таков луксуз, воопшто не беше опасно на друг час малку да се поспие, дури се претпочиташе како нешто нормално, природно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Да, ниту можеме да си дозволиме таков луксуз, трпението на Стојановци е при крај, но зошто, зошто никој не застана на нашата страна?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Никогаш не се прашал кој го крстил со тоа грдо име и затоа не се погледнуваше во огледало, едно што по домовите ретко имаше такви луксузи, а друго и затоа што не сакаше да си ги гледа мозолките по лицето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)