А еднаш кога се преправаше дека ногата му е шината, татко му за да му ја намести, му ја сврте нагло, што тој од болка испушти таков крик кој и сега го слуша во ушите.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Такви крикови доаѓаа само од жеравите кога, есење, го надлетуваа селото. Од селото ја изнесуваа Велика Мегленоска.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Патот од таа ноќ во нејзините мисли засекогаш останал како патување кон небото кое и се причинувало истовремено многу блиско но и толку далечно.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
(Имаше и такви крикови: ти се чини дека ја расцепуваат темнината и придонесуваат да си замислиш некоја чудна звучна светлина).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)