Во такви околности, немаше ништо поскандалозно и понепростливо отколку типот со кој излегуваш да ти се појави на романтична вечера со обетка – што не значи и дека не се случувале такви катастрофи.
Да скратам, постоунволското машко геј-живеење беше дефинирано од појавувањето на една нова мажествена практика на родот и сексот без определени улоги, од која произлегоа еден нов стил и еден нов облик на живеење, отелотворени во геј-клонот и во буч-геј-мажот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)