таков (зам.) - дистинкција (имн.)

Но дел од случајот на приватниот јазик се состои во тоа што бидејќи не би можело да има независна проверка на нечие употребување на овие внатрешни когнитивни ресурси, човек не би бил во состојба да ја препознае нивната употреба како коректна, и според тоа, за него воопшто не би можело да се каже дека го употребува изразот (го следи правилото).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Витгенштајн особено ја нагласува оваа поента: со цел да постои следење на правила, потребно е да може да се повлече дистинкцијата помеѓу случаите кога се следи едно правило и кога некој само мисли дека го следи правилото: во отсуство на една таква дистинкција, пропаѓа и самата можност за следење на правила.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)