Еден од таквите дни беше и Велјата сабота, во која Доста и Бојана навалија котол да приперат, да се измијат, да се дотераат за утре, за Велигден.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Којзнае колку такви денови беа загубени, залудно се талкаше по површните говорништва во празно.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Знаеја нашите оти во такви денови заптиите од влакното ортома правеа.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- Нешто како барон Пишпирик? - Нешто како маркиз Барбут- бег.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во такви денови луѓето не акаат.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
РЕВШИН: Има и такви денови...
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Просто денес имавме таков ден, и сега ова е таква ноќ...
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Има и такви денови, кога си спомнуваш.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Језекил имал многу такви денови, а неговото рамо било така сништено, што се чинело дека носи некаква невидлива неминовна копанка со малтер, под чијашто тежина се ведне, дури и кога поминувал по сокаците на селото, доаѓајќи си како туѓоземјанин, вратен од светот, со печалбата врзана в крпче, скинат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Етеризиран без лекарска интервенција. Зар еднаш си заспал без да знаеш?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Господи, имаше, имаше и други такви денови, вредни за паметење, за кои бев сигурна дека никогаш нема да ги заборавам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За мене тие беа повеќе и од нашите големи празници за кои никогаш не арчев непотребни зборови но знаев да ги одделам од другите денови и на посебен начин да ги доживеам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Постојат и такви денови: наеднаш ќе испливаш од големите тежини, или ќе помислиш дека си испливал, а всушност тоа е моментот кога клапнуваш а без да си свесен за положбата во која си се нашол.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А притоа и со такви денови во месецот кога ручекот или вечерата мораш да ја прескокнуваш?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Покрај приближнава мерка што ја доби, уште што му е потребно на декоратерот за да ја прими нарачка и да почне да кове?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во тие такви денови најзафатен е волшебникот Желбонско.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Дали имаше денови кога не пристигнуваа ранети? Не. Немаше такви денови.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Проклет да бидам, муза. Мислевме тоа е некоја Оливера што друго, а тоа признавам, беше најдоброто во таков ден.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но на крајот од таквите дни кога тој беше тука за неа, таа секогаш плачеше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А и да сакаш да гледаш во таков ден ништо јасно не се гледа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)