Можеби се обидуваше да го замисли тој град, со тие миризби и смрдеи, но тешко можеше тоа, зашто никогаш и не беше пошол во вистински град, во таков град каков што го кажуваше Кирил.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ми раскажуваше за улицата и музичкото училште што го носат името на брат му Јордан Михајловски - Оцка, селото Варош каде што живеат неговите братучеди, Могилата на непобедените, и уште за многу интересни нешта, за кои дедо ми рече дека е страмота да не ги запознаам и дека морам да бидам горд што носам потекло од таков град и од таква фамилија како таа, неговата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Скопје е таков град: по полноќ и дишењето на комшијата се слуша.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)