таков (зам.) - глас (имн.)

Па, сепак, и покрај таквите гласови за нив, никој не отиде да ги пријави на кадиите во Прилеп или во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
(Типов море стварно пејач. Со таков глас и не е чудо.)
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
А во маалото и се ширеа такви гласови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еднаш еден таков глас му се јави во сонот и го поведе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Стег со голема резерва ги примил таквите гласови: “Јас не би бил наклонет да верувам во еден таков макевијализам на турските власти, и сигурен сум дека солунскиот валија Хасан-Фехми-паша не би се замешал никогаш во слични комбинации.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сепак, сметав за потребно да укажам на такви гласови, бидејќи постои веројатност тие да бидат прифатени од некои весници, било на запад, било... во Бугарија“133.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таквите гласови немале основа, но претпазливите мерки на властите се сметале за нормални.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ние сметаме дека никој од македонската средина во ова време не бил заинтересиран и немал сметка да шири такви гласови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Некогаш многу подоцна, иако тоа се случи истиот миг, сознанието од Језекила го распара и оној продорен вресок; беше тоа еден таков глас, од кој морниците по телото се крвави, зачестени, немилосрдни боцкања со игли, еден цел сноп игли, што минуваат по целата кожа, а потоа се присобираат во темето и тука длабат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И самата не знам како се случи тоа, но набрзо по овој наш разговор се заварив себеси како си го поставувам токму тоа прашање „Каде е сега мојот Ведран?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Кога ќе ти затребам ти само викни Ведране!“ ми довикуваше тој со таков глас како да се нашол наеднаш во далечните далечини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се смееше мојот Човек, довикуваше, а знаев дека срцето му плаче.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се обидел да се исповеда пред челникот Онисифор Проказник, бил срамежлив и безгрешен, можеби нешто од долгиот живот и присокрил пред помлад сведок и исповедник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Самиот долго верувал дека ги знае сите тајни на човечката историја и со таков глас цимолел нешто за вториот живот што Онисифоровото срце пребрзо зачукало, застанало за миг исплашено, пак почнало со удари да ги брои миговите на човековиот век.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сето тоа го рече со таков глас што не смеев да го препрашувам, мирно ја исполнував секоја негова наредба, си ги ставив дланките на очи, замижав.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Рече: - Леме, сине! Леме внученце, не ти велам збогум, не бил јас Иле Костадиноски ако не те вратам од тоа проклето место, - тоа го рече со таков глас што можеа да го чујат дури и тие што беа крај реката, како да сакаше тоа сите да го чујат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Потоа на Кленоечкиот, таму паднаа доста наши другари, пред самото ослободување, тоа го рече со таков глас што мораше да му се верува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зошто ти е таков гласот? – ја запрашав директно. – Не сум арна, сине, еве, три дена сум така, немам си­ли!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)