таков (зам.) - впечаток (имн.)

Тоа е една од позначајните работи во македонската уметност во осумдесеттите, иако тоа некои сѐ уште не го сфаќаат, имаш таков впечаток?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа не го правеше ова за да остави таков впечаток, нешто што е секако многу битно, туку тоа беше поради нејзината безгранична љубезност, од нејзиното интуитивно познавање на комплексностите на животот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Змејко сега просто го голташе како му се киска во лицето, понекогаш му се чинеше како да го дофатил со своите дланки, тој бел питом кутрак на ветерот, имаше еден таков впечаток за неговиот волтнест мек допир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште долго го носеше оној мраз во своите жили, имаше еден таков впечаток за себе, додека се валкаше преклонет по удолницата, не ни забележувајќи ја длабоката крвава ораница во снегот, како божем таа да беше нешто далечно од него, како тој воопшто да не беше причината за неа, чувствувајќи се мал за тоа да биде некаква причина, и сега веќе не очекувајќи ништо од тој ден пред него, кој можеше во себе да крие нешто за секој друг, а за него тоа беше само еден празен ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Доктор Пачев вели дека нема таков впечаток од она што го прочитал од мојата книга.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби таквиот впечаток се стекнувал бидејќи тој одбива да ѝ е сведок на туѓата болка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- А можеби и не беше погреб. - Вујче се однесуваше, како да заминува на одмор. Таков впечаток понесов од разговорот со него - реков.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таквиот впечаток не беше само видлив, тој се наложуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)