таков (зам.) - некаков (зам.)

Јас не сум интелектуалец од причина што немам таква некаква култура, никакви резерви.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А да беше некој друг сите ќе окркавме...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во таков миг лицата, самиоте од себе, стануваат строго разумни, чиниш грижата во очите им еза она штп ќе дојде утре или малку подоцна, еднаш; течат низ времето но пред да ги нема оставаат трага за себе, едни темна и проклета зла, други поинаква, таква некаква поради која за добро се споменуваат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мајка ѝ на Соња беше многу лута. Ѝ се закануваше дека дома ќе се разберат; божем ја срамела пред сите и се такви некакви чудни зборови слушав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таа и не забележала, бидејќи никогаш не би ни помислила дека Љупчо би можел да стори таква лоша работа: да краде од сопствените родители.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гласот, оној негов или на некој што е невидлив, прашува со нагласени согласки што ќе види и тој се сеќава на сѐ што гледал во куќата како дете: сабја кулајлија со вткаени букви од сребро во канијата - Смрт или слобода, стари црковни книги од времето на минатовековната игуменија Минадора, француска или германска кацига од времето на Балканските војни, турски тепсии со богати шари, ископани и начнати римски или такви некакви фигури на светци и војници, шандани, кандила, ками.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Иако неговите соседи го сметале за мрднат, таков некаков ти бил - молчалив и спечен, грст иловица со душа, му носеле јадење, некој чорба со зеленчук, некој пастрмка со грав.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И сѐ такви некакви мисли ми идат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)