таков (зам.) - му (зам.)

Господ на тие таквите му навева добри друшки, па и они си поминуат поарно од другите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но жицата Кузман од животот негов ја скина: судбата таква му била!. ..
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Каква му глава, таква му капа!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Жолтицата ја сврши работата. Управникот се одоброволи и омекна.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Подобро ни е кога е тука, но што да правиме таква му е работата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа продолжи: - Ете таква му била судбината на селото: сè што ќе поминело, не го одминувало...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
што пијат, едниот слатко кафе, другиот горко, а третиот чај и не јадат сите иста сарма со месо во сооднос 700 грама јунешко, 300 свинско, бидејќи таква му е верата на едниот од нив, па треба да му се испржат јајца и тоа во тенџере, зашто до тавчињата не може да се дојде од многу нафрлани работи,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Верувам дека таков му бил интересот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тука е и инженерот Александар, повоздржан е, таков му е карактерот, но пресреќен е што се нашол во средината и во настан за кој никогаш не помислувал дека може да се случи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И повторно, не избегна да додаде дека нешто такво му имал загатнато Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Само неподготвеноста на родителот да ги прифати одговорностите што се создаваат со раѓањето на детето можат да бидат причина за бекство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На најголемиот, на Ангелета, сега му се јаде за двајца. Такви му се годините.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)