таков (зам.) - кој (зам.)

Но имаше и такви кои насетуваа дека Чанга со козите оди право во смрт.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Авантуризмот го движеше во погрешна насока, додуша, сѐ уште има такви кои мислат дека голтањето туба со темперна боја за да се прибере аплауз од публиката е херојство и невидена храброст.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Дури и се правев важен - како оние популарни спортисти на ТВ.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Има и такви кои велат дека било многу тешко да си популарен, па дури и дека било опасно, зашто популарноста предизвикувала незгоди.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Признавам, особено ми беше мило кога забележав дека девојчињата ме загледуваат, нешто си шепоткаат и си го слушав сопственото име.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А пак трети други велат дека е многу, многу рано да почне да се открива историјата на неписмените и да му се угодува баш во сè на Умберто Еко.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Лозовите лисја некако кулртулиле од оваа наезда, не толку поради сармичките од лозов лист, колку поради виното од кое, ако не сте знаеле, најмногу светнуваат кубињата на сите цркви во Тоскана, во погледите на белосветските туристички талкачи.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Има и такви кои сакаат да цицнат од левата брадавица, ама срам им е пред толку свет да глумат бебиња.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Среде вревата ќе набасате и на такви кои вџашено допрашуваат дали слушате дека брмчат пчели и бумбари и дека тукушто не почнал нивниот заеднички десант врз Фиренца.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Има и такви кои му забележуваат на Микеланѓело дека бил голем скапџија, божем тоа ги засега баш нив а не фамилијата Медичи.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Аванти пополо, сите кон балконот под кој Јулија е оставена на милост и немилост на туристите, некои нежно да и ги галат, а некои баш и да и ги драпаат бронзените гради.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
оние пак, кои го завршиле талкањето, влегуваат во метрото влегуваат како во олтар од длаборез и уште неседнати почнуваат да 'рчат, 'рчат во сите тонови, мнозина басираат ама има и такви кои фаќаат високи октави, заспаните 'рчат ли 'рчат ама нема кој да ги чуе отшто јапонија да ми ти била земја на затворени прозорци а јапонците да ми ти биле луѓе со затнати уши кои кога се будни во метрото спокојно си читаат додека сонародниците им се дават од 'рчење - ем си 'рчат, ем набрзина каснуваат нешто во сонот оти во кусиот сон има време и место сал за една плескавица (и тоа на месечина) што во мекдоналдсите се нарекува хамбургер.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Баш во мигов, пак, Краснојарск е домаќин на тајната конференција на сибирските алхемичари кои се договараат како, без никој да дознае, да извезат црвена боја за фустанот на сопругата на американскиот претседател за свечениот прием во Белата куќа во чест на кинескиот претседател, отшто во белата куќа меѓу сите зналци и душкала има и такви кои знаат дека џиш црвената може да џишне на незгодни места, може да џишне мнозина, а богами може да џишне и цели народи, ако алхемичарите се вљубени во џишнувањето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Водството со 2:0 се случи во громогласен амбиент, кога цел свет му аплаудираше на Нил Амстронг кој стапна на месечината (добро де, не баш цел свет, оти имаше и такви кои мислеа дека е тоа холивудски трик, дури имаше и такви кои тврдеа дека месечината воопшто не постои, а и да постои – постои само во фантазијата на поетите).
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Подоцна катаден се потврдуваше дека секогаш има такви кои не веруваат во ништо, па ни во тоа што самите го ломотат во градските озборувалници.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сум влечел такви кои биле толку смешни, што немале веќе ни форма, ни облик ни вкус...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сите овие лица се предани на делото, некои од нив веќе се истакнале на книжевно поле, други како учители, а меѓу нив има и такви кои многу работеле на изгонувањето на фанариотите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А имаше такви кои ја напасуваа стоката по насипот на пругата, кои намерно ги растураа камењата, ги одвртуваа штрафовите од шините и ги крадеа праговите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А беа можеби неискрени па дури и невистинити бидејќи, морам да признаам, Таша не беше грда жена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира дека тој човек го имам сретнато. Но тоа беше време на војна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најчудно е сепак тоа дека многу луѓе малку знаеја, а имаше и такви кои сосема го заборавиле војникот на бел коњ. *
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и сега, додека ги повторувам овие зборови, ми звучат како прифатливи и одмерени иако верувам дека ќе има и такви кои ќе си помислат дека биле неискрени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секој ден пристигнуваа нови, а имаше и такви кои денес испратени, утре ни се враќаа со нови рани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Меѓу нив и такви кои штотуку се вратиле од печалба и сноват нови сонови за заработка во туѓина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Салата во која престојуваме кога врне дожд личи на третокласна чекалница во некое зачмаено село, особено поради тоа што има умоболни кои секогаш носат шапка, очила, стап и облека за патување, речиси како во приморските летувалишта, и кои тука се претставуваат како минувачи…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многумина од оние кои беа присилно донесени во Гнездо, бараа да бидат пуштени; некои молеа тивко, склопувајќи ги рацете пред докторите или паѓајќи на колена пред нив, некои пак врескаа молејќи, некои се закануваа: “Ќе ве испратам сите во пеколот,” извикуваа оние кои веруваа дека се богови, богови само за кратко паднати на земјата; оние што беа уверени дека се големи војсководци кои се сега затворени од противниците, се закануваа дека, ако не бидат пуштени со добра воља, штом одново ќе дојдат на власт ќе се осветат; а имаше и такви кои се закануваа со нешто едноставно – дека ќе им ги свиткаат вратовите на докторите, или ќе им ги прободат телата со нож.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има и такви кои воопшто не се обидуваат да си ја објаснат својата нестварност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас знаев дека родителите, заради срамот, најчесто ги исфрлале тие млади жени од дома, па тие го завршувале животот од глад, студ, или болест, многу бргу потоа, уште пред да се породат; знаев дека некои од нив, што ќе преживееле до породувањето, го оставале детето во некое сиротилиште, па работеле најтешки работи, заради кои животот не им траел долго; знаев дека имаше и такви кои, не можејќи да го преживеат срамот, а за да ја сочуваат честа на семејството, се убивале без да им кажат на најблиските дека забремениле; знаев дека некои оделе кај приучени луѓе кои им давале да испијат горки течности по што го исфрлале плодот, а понекогаш и самите тие умирале од отровот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некои се лажеа себеси и другите: “Ние сме овде на пропатување, знаете, остануваме во хотелов само денес, а веќе утре,” и покажуваа кон некаде со рацете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зашто, колку и да има такви кои урликаат или пак бладаат, тука има многу пријателство што го чувствуваат едни кон други, тие велат: треба да ги трпиме другите за да нѐ трпат нас, а другите размислуваат многу точно кога го спроведуваат тоа на дело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Такво исто не-чувствување на себеси, кај различни луѓе, на различни простори, се повторува неброено многу пати низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И многу добро се разбираме едни со други, на пример, јас можам понекогаш да разговарам со еден што одговара само со бесмислени звуци…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш Зигмунд ми кажа дека најбогатите, благодарение на влијанието и парите, можат да го избегнат законот, кој забрануваше абортуси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Овде навистина има и такви кои се посериозни случаи, било да се нечисти, било да се опасни. Тие се во еден друг двор…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, и меѓу режисерите има такви кои го минимизираат неговото значење.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако тргнеме од претпоставката дека нашето општество разликува два основни менталитета: примитивен (кој се потпира на чувствата) и цивилизиран (кој се потпира на разумот), ќе дојдеме до свеста која продуцира нова поделба: на луѓе наклонети кон масовната култура, и на такви кои и припаѓаат на интелектуалната елита.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, има и такви кои се срамат од своите носеви.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се менуваат работите низ годините, ама има и такви кои секогаш остануваат непроменети.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Почувствува дека има искра, но не таква која пламнува, туку онаа која само тлее.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тие побудија интерес кај сите оние читатели кои се интересираат за класично потврдениот расказ, но и за посовремениот расказ, потем кај оние читатели кои трагаат по сложени техники на пишување и на создавање на светот на расказот, такви кои вклучуваат и интертекстуални цитати, асоцијации, алузии и реплики, иронија и интертекстуална иронија, херметични слики на светот, игри со сликите на светот и облици кои ја покажуваат моќта на јазикот на книжевноста да исполни со убавина и со возбуда, истовремено кога исполнува и со зачуденост и недоумица, кога нè обзема со силни чувства, кога нѐ ослободува од чувството дека сме немоќни и осамени, кога доживуваме психичка и морална катарза или прочистување на нашата душа и свест.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Проектот, кој е процес, опфаќа многу други актуелни прашања, па и такви кои навидум не се.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во канцелариите на работните бироа набрзина ќе прекаснеа по нешто од она што го завиткале дома во најлонска кеса и брзаа „Под врбата” за да фатат ред, а имаше и такви кои, брзајќи, го прескокнуваа појадокот и на гладно срце си обезбедуваа термин.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Им ги всадуваат своите злокобни идеи за нации кои се достојни да живеат на Земјата, и такви кои треба да исчезнат...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А дека половината изумреа, тоа беше вистина кога имаше и такви кои, ниту можеа по лошото време да излезат од дома и да бараат чаре, ниту пак имаа што да сменуваат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие што имаа малку работички, како нив, ги донесоа заедно со себе, ама имаше и такви кои неколку пати драбаа низ ноќта за сѐ да пренесат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Луѓето сметале дека тие композиции се „помпезни и конфузни“, но имало и такви кои сметале дека тие се ремек-дела без конкуренција.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Наместо на морските и езерските плажи во знак на протест Распнуваат шатори пред зградата на парламентот И наместо да им раскажуваат бајки на внуците Севезден се допрашуваат баш така ли се калеше челикот А меѓу нив има и такви кои во навлажнетите подшаторски соништа
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И насапунетата садомијачка рака да ја прогласуваат За среќна рака на судбината која барем не е здодевна Ви велам секакви доаѓаат да ме видат да ми го погалат сонот Доаѓаат и в недела отшто е отворено Доаѓаат и такви кои говорат дека сум била дембелка Како некои шеесетиосмаши што ги запоседнале фотелјите на власта Јас и ден денес не знам и не ме интересира кои се тие шеесетиосмаши Ама искрено речено се навредив од неумесната споредба Кои се пак тие да велат дека сум дембелка И уште да ме споредуваат со некакви шеесетиосмаши Ако продолжат така само ќе го расрдат коалиното братство И нема да се вратат дома без гребнатини од нашите канџи За спомен и долго сеќавање од коалите дембелки
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
А царштина без цар не бидува колку и да има такви Кои себеси се замислуваат навалени во рускиот царски трон Не знаејќи можеби дека и тронот отишол јабана Пред црвените јазици на октомвриските пламени
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И низ песни прескокнуваа цели епохи Од Самол па до наши дни Што има Македонците да се плеткаат Во подемот и пропаѓањата на сите империи Одвреме навреме во песната на Македонците Ќе им влеташе по некое клето Турче И тогаш ќе се сепнеа и ќе си речеа колку ќе се изрезилеја Ако го скокнеа времето на Отоманската империја Баш во тоа време се збрани сите македонски страдања Сите порази и загушени востанија Баш во тоа време на Македонците им се нанесоа најголемите неправдини И некако природно се прими што Отоманското царство Го урниса човек роден и учен во Македонија Природно беше што во тоа време Некои Македонци влегоа во Стамбол на бели коњи Иако беше сосема неприродно и уште понеправедно Што по по урнисувањето на Царската порта Македонија ја распарчија балканските орли И оттогаш наваму така распарчена се тетерави И во соништата за сите царштини Ја римски ја византиски ја турски биле Тадури и австро-унгарски И на Австро-унгарците Македонците им најдоа маана Да стасаше нивната царштина до Македонија И тука одамна ќе имаше филхармонии и универзитети А не само амами тек и чифте амами и секакви анови Одвреме навреме Македонците ќе запееја Под московски вечери Рабјинушка Калинка и такви песни Знаеја многу такви песни како да не знаеја И од порано беа начуле по некоја Ама особено научија да пеат по руски Откако се најдоа во црвеното царство Неоти знаеја како се најдоа во црвеното царство А отпосле дознаа дека баш во времето На црвениот император Јосиф Висарионович Сталин Се стави печат на старите делби на Македонија За сега Македонците севезден да се прашуваат Има ли во историјата печати што бледнеат Има ли печати на кои им истекува рокот на траење Ако има такви печати тогаш сетики ќе дојде денот Кога на најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Македонците ќе ја качат најубавата им мома Угул гола ќе ја седнат врз знамето со шеснаесеткракото сонце Префрлено наместо седло преку грбот На најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Во наизменичен патриотски кас и галоп Да го обиколи сиот свет И да ја разнесе насекаде славата и гордоста на Македонците Секако ќе има и такви кои ќе се противат на ова И ќе велат дека тоа ја навредува честа на Македонците И особено честа на Македонките А Македонките се рамноправни со Македонците Ако не од времето на Роза Луксембург Тогаш барем од времето на Валентина Терешкова Македонките уште пред да се родат знаат дека се рамноправни Македонците нека си мислат дека се порамноправни Впрочем какви и да се Македонците никогаш не се сложиле за ништо Па нема да се сложат ни за голата мома гордо јавната На најубавиот и најбелиот потомок на Букефал Оти сите Македонци знаат дека жена гола ако видат Голема кавга ќе се роди во тие што ќе ја видат и сонуваат А во кавгаџиско настроение се заборават без исклучок Сите соништа од циклусот за пропаднатите империи.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Имаше и такви кои ги криеја свињите не сфаќајќи ја опасноста, но власта проверуваше и ги ништеше, а несвесните луѓе ги казнуваше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Соочени со фактите дека сите нешта завршуваат и дека простувањето од животните задоволства ја има околу себе неизбежната атмосфера на тага, навистина има такви кои би го скратиле или избегнале збогувањето; коишто, уште повеќе, чувствуваат дека од она што и онака мора да се заврши (т.е. од сѐ, дури и од уметноста) треба да се збогуваме брзо, ако воопшто и сме започнале со тоа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Да беа вклучени тие, Rosenthal ќе имаше сосема поинаква изложба, таква која ќе ги означеше потеклото и дострелите на апстракцијата, но и кршењето на еднодушноста од 60-ите и кревањето на една нова парадигма која доминираше во уметничкиот универзум во последната третина од векот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Меѓу нив има и такви кои од страв да не се вратат на боиштата, научиле од болните да се преправаат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Така во нас навлегуваа помирни и средени чувства, но лошото беше во тоа што имаше такви кои сакаа во нас да го уништат чувството на самосознателноста.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Арно, ама тие од џипот со помош на таквите кои гледаа добиток, а никогаш го немаа, ни ги зедоа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„А, еве, што да лажам, покрај оние, исплашените смртници“, ми вели тој, „ги имаше и такви кои не залегнуваа во рововите туку пукаа стоејќи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Едни грав, други леќа, а имаше и такви кои донесоа ориз со праз.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А лебот? Лебот мумурузник! Од мувлосано брашно!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Коледарите првин онемеа, па сите се удавија во нејзиниот поглед, а има и такви кои до века ќе си ја сладат мислата од насмевката на рајските јаболка под прозрачната свила.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Отспротива има и такви кои си ги негуваат седите бради, арно ама, тие севезден лелекаат оти само Македонија немала цар во прогонство, севезден прикажуваат за книги што други ги читале и севезден им е подобро отшто на другите им е полошо.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Траги, белези на расплинати значења повторно стануваат видливи - ниту недопрени ниту објективирани туку такви кои сѐ уште живеат, преживуваат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Па тоа се слуги на кукавичлукот, издаици, неверници.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Има среќни денови, има тажни денови, има несреќни луѓе, а постојат и такви кои можат да ни го сменат животот засекогаш, без да се покаат за последиците, без да ја платат цената, без да се соочат со резултатите, зошто полесно им е да заминат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ги изброја ли некој таквите кои такви станаа и останаа?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таму наиде на празнини и кога се дозна дека партизанските групи стигнаа во „Тесалија, а во кои имаше најмногу такви кои не зборуваа и не пееја грчки, ами македонски, тогаш на врат на нос, противникот се сврте на југ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас, да знаеш, таму, во Отешево чував и такви кои се смееја, се потсмеваа, како ти што се смееше пред малку.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Овој збор се претвори во жиг: внатре во СФ гетото некои аплаудираа, некои пцуеја, некои вложуваа во него, а некои дури сметаа дека тој збор не означува ништо, а имаше и такви кои во исто време аплаудираа, пцуеја, вложуваа во него и му го негираа значењето - типично постмодерен став, некој би рекол.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мозокот како и секогаш бараше добра преокупација, а притоа во мене сѐ уште стоеше долгогодишната навика секој ден да одам на работа и тоа токму таква која целосно го исцрпува телото и умот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ги има и такви кои, ако не го начекаат него на телефон, на кого и да е од нас да налетаат, нему ќе му се исповедаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Божем цело семејство сме хирурзи и ги знаеме сите бубрежни болести.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)