„Соблечете го, па ќе лекува, ако не го излекува, убијте го! Тој е само лекар, само лекар.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ако ги немате тие документи, за жал, нема да можете да влезете во Албанија. Такви се нашите правила. Простете.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
119. Такви се резултатите од српската пропаганда меѓу нејзините воспитаници и органи, родум од Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Товарните автомобили идната година веројатно ќе се исклучат од движењето по главните магистрали, ќе се отворат нови паркинг-плацеви, ќе се постават околу 40 нови семафори, а пешакот ќе добие предност пред автомобилот. Барем такви се очекувањата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Такви се луѓето од мојот крај. Секогаш од лекарот го бараат невозможното.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Строги се и без човештина. Такви се командантите кои дојдоа од Булкес.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
— Такви се, свату — сваќе, такви! Голи, боси, гладни, ако и кабулите — да ваќаме рака, ако не — вие живи, ние здрави, ќе си го бараме сете чарето! — им велеше Ѓуро на сите идни сватовштини и стројници што идеа да му ги бараат неговите „бендене моми".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)