таков (зам.) - нема (гл.)

Во ова време кога сè може да се купи, за таквите нема многу проблеми.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ако, пак, такви немаше, тој правеше посебна копија за себе, за сопствено задоволство, особено ако документот бил интересен не поради убавината на стилот, туку поради адресата упатена до некое ново или значајно лице.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Се сеќавате ли на деветте Југовиќи од читанките? Такви нема сега. Има само Вукбранковиќи.“ „Бидете појасни.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со таков нема лабаво, туку треба човек да се подготви ко Џеси Овенс за Олимпијадата во Берлин!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Стојче тврди дека таков нема да биде кога ќе се врати во Скопје и дека ќе им расправа на своите оклеги оти не е толку слатко парчето леб што тој овде го печали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)