таа (зам.) - додека (сврз.)

Притоа, колкава и да беше тураницата на домашните околу неа (тогаш, братучед ти Павчо, нејиното трето правнуче, штотуку се роди), таа додека си ја средуваше косата не обрнуваше внимание на викотот и на бркотниците, како со чешлањето да се одвојуваше во својата најприватна зона, кадешто и прецизната камера не можеше да открие што се случува внатре, зад погледот сосредоточен во движењата на чешелот во огледалото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Откако забележува дека не реагирам ми приоѓа уште повнимателно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Не знам од каде гласовите - вели таа - наоколу е таква тишина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како да ми беше спомнато и името? - прашува таа додека ја затвора вратата и ме гледа испитувачки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ќе ти купам сладолед, само не кажувај им на мама и татко, - го поткупуваше таа додека стоевме пред лифтот во нашата зграда.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Околу нејзиниот дворец, - продолжи таа додека внимателно и со мака се искачувавме по тесната патека што водеше низ карпите крај езерото, - течела брза и бистра планинска река со многу златни риби во неа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не смееме да дозволиме љубовта да нè обезличува, му рече таа додека сè уште ми седеше во скутот и беше приклештена до моите гради.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Љубовта умее и да убива.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Ќе помине ова. Ќе помине како онаа ветрушка на патот што те сретнала" му рече таа додека го испраќаше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)