таа (зам.) - дека (сврз.)

Усети таа дека во младите детски души се зародила несвесна љубов, кога виде дека веќе место непријателство се разви вистинско братство меѓу нејзините деца и ова нивно другарче. Не еднаш таа ги виде заедно како си прикажуваат трите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Почувствува и таа дека нему му беше одземено нешто од неговата внатрешна живост, од самиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Помошната причина е таа дека членот на Партијата, исто како и пролетерот, ги поднесува сегашните услови делумно затоа што нема мерила за правење споредби.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Питон: Не се надева таа дека ќе го спаси Рафал.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Знае таа дека секоја година освојува прво место за златна „кутљача“ и сребрен медал за „медицинско особље“ по дома.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Врска нема таа дека исто ѝ се фаќа, одела – неодела, не знае дека кога е на работа јас со црево по цел ден на балкон се поливам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Леле, Адо, ама си неразумна – ја прекорив. - Што ти е па тебе, Биси?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако сака да знае, јас од неа имам повеќе вкус за облекување. И Саше исто така.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А таа дека е возрасна, мисли децата може да ги навредува и дека ним тоа ништо не им значи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Која вистина?“ „Таа дека тој е донесен овде...“ „Не е точно!” згрми Профим и удри на масата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Првата информација што ја добив за дедо ми при првата посета на Сакулево во осумдесеттите беше таа дека сите моми трчале да се фатат до него на оро...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сепак, суровата вистина е таа дека сите тројца загинале млади.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го отстапуваше помалиот за да земе малку поголем. Му успеваше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Знае таа дека Чана и за тоа ќе се погрижи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Знаеше таа дека никој не сака многудетно семејство, зар таа ќе ги остави тука, во ова темничиште?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Исплука и понавредливи зборови, дека не е достојна ни баба да се нарекува кога дозволува едно седмогодишно дете да ѝ бега од пред очи и знае ли таа дека Острово не за џабе го викаат Острово оти навистина е остров како оној на кој Доне бил сургун, од едната стран Е гулемта река Вардар, а од другата Во гиризут уд кој црпиме вода за пиперките и думатте, вели чиниш плитка вода, ама ако ти го покрива лицето легната исто како да си паднала во најдлабока и Аш, пркнува животот уд теп!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како да беше на брегот на своето молитвено место, а Езерото, нејзиниот храм на надежта, некаква божја сила во која веруваше само таа дека еден ден ќе ги стаса своите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Важна одредба е и таа дека во случај корисникот на социјална парична помош неоправдано да одбие работното ангажирање, тогаш правото на социјална помош му престанува и тоа не може да се оствари во наредните 12 месеца (нов член 29-ѕ, ЗИДЗСЗ/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Знаеше таа дека и Тодор им припаѓа на преселбите, можеби и повеќе од самите води, па од него и немаше што друго да се очекува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)