Да можеше да им каже ќе им се заблагодараше, затоа што таа толку многу сакаше да умре.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Умре сама.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Сепак, во ниту еден момент не помисливме дека е таа толку сериозна и решена да го направи тоа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Дури го испланирав Велигден, бидејќи се ближеше.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
А еве, сега пред неа лежи градот што таа толку сакаше да го напуштат, потонат во окупацискиот замолк, во првите студови, новата неизвесност, оскудиците во храна, во сапун, во спокој...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Првата зима на ова војна не само возрасните единоверци, туку и нивните деца умираат како муви.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа толку ме изненади, што ми остана само надежта дека нема да ја сети никој друг.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Заправо погрешно би било да се рече - се крие, зашто таа толку видливо се покажуваше!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И Корилче неволно му се насмевнува, и се насмевнува и на мајка си, иако е таа толку отсутна, како задремана, и ништо не забележува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но зошто е таа толку мирна, ни да се изненади, ни да се вцрви, а уште кротко му се осмевнува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Мај ‘68-та беше иднина што продре во историјата и затоа таа толку слабо го разбра, а историското општество толку лошо го прифати. 74 Margina #22 [1995] | okno.mk Ни зборуваат за историјата на Европа и за потребата од поврзување на банките, осигурителните компании, внатрешните пазари, полициите, консензус, консензус, но кога станува збор за иднината на луѓето дали Европа ни подготвува нови чудесни збиднувања како ‘68-та?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Не ни можеле да претпостават - дека таа толку го сакала.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Куќите што се потпираа врз ѕидовите на гимназијата беа стари, неугледни, сиви: ниедна од нив не беше таа толку таинствена куќа во која влеговме еднаш во деновите со магла.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Се сети за нивниот разговор, првата вечер во барот, кога таа толку силно го расчувствува со својата исповед. ...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И чудно, сликата на таа толку позната корија што почнуваше од самиот врв на Гола Глава и завршуваше долу, до поточето, беше на необичен начин изменета.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се валкаа низ тревата, а таа толку убаво мирисаше, што просто мамеше да си го забуцаш носот во неа, да се зајди од мирисање.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ване ја турна портата со нога, но таа толку лесно се отвори што не издаде никаков звук, па дури ни како кога нокот загребува по коска - како да била повеќе отворена одошто затворена.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Таа прва, генерална асоцијации на театар (која е лајт- мотив, нишка која го поврзува целиот филм) сепак е мамка, илузионистички трик на Гринавеј, еден од многуте во таа толку забрзана, драстична и морбидна игра на раѓање-убивање, што гледачот го губи “стварносниот компас” (да, чиновите завршу ваат, декорот се менува, публиката аплаудира, но мртвите глумци не стануваат!) и веќе не е способен строго да ги разликува линиите кои, прво, ја разделуваат самата комплексна театарска сцена, потоа оние линии што ја разделуваат таа метастазирачка “сцена” (многу поголема од самата себе!) од публиката во “театарот” (многу поголем од самиот себе), а на крајот гледачот (а кој гледач???) има проблеми дури и себеси да се лоцира на некаква си мета (филмска) позиција, бидејќи една од основните стратегии на Гринавеј е разнишувањето на било кој “стабилен” агол на гледање.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Таа толку брзо го изговори тоа, дури и Баждар се збуни и шмркајќи зад брадата се доближи до мене и се потпре со едната нога на ѕидот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А земјоделците ко втрегитени од ровја беа на таа толку жална вест.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
А самата таа толку го сакаше животот и убаво си го проживеа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Како што велеше баба Велика „Гости сме на овој свет, дојдени сме за мака“.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
БАВНО ПРИБЛИЖУВАЊЕ ДО ЖРТВАТА 29 март, 23 часот Во раката чувствуваше како ми расте машкоста, обидувајќи се со меки и бавни движења на дланката и на долгите, необично топли и нежни, негувани прсти, да одговори на тој порив во знак на радост како прв пат сега да се накрева со таква сила она по кое таа толку многу копнееше.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Секогаш им носеше да сварат од кафето што им го додаваше дубровчанецот, а што таа толку долго го толчеше со тешката ќускија од која рамењата ја болеа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Пред куќата, кај шадрванот, таа ниту подзастануваше, небаре не ја гледа таа убавина, а кога слушна дека ибн Бајко е задолжен да изгради и теќе, што ќе биде чувано од теќе-ефенди, таа толку силно се исмеа, што шумата се стресе, а потоците наоколу почнаа да подрипнуваат врз камчињата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не очекуваше дека таа толку брзо ќе се откаже од него.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тие нејзини завиени приказни за страшната зима што може да дојде апансас ѝ беа оправдување за тоа зошто таа толку работи и зошто и од другите бара толку многу да се работи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Нешка и се израдува на Крстевата посета, ама подоцна многупати ја исплака, кога комшичките девојчиња и открија зошто таа толку му се радуваше на тоа Крстево идење.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За таа толку голема Мајкина љубов требаше многу, многу да се работи за да се оправда.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ниедна мислам нема да продолжи да трае тежината на пустошот ќе влече и ѕвезда по ѕвезда ќе паѓа ќе трае таа толку колку што ќе потрае нашата утрена на постела распослан векот парче по парче дури се собере и последниот бран од праискони што лута ќе нѐ покрие.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
И кога Фимка се доближа и скоро застана до неа, девојката подаде кон неа рака обврзана со окрвавен завој, погласно залипти и низ липтежот одвај чујно изусти: - Мајко.., мила, мајко моја... таа толку тивко прозбори што се чинеше дека ветерот некаде од далеку донесе само шумолење од глас, го удри од карпите и стеблата и го растури меѓу тревјето во лединката распослана под сенките на високите борови и само делче од него стигна до Фимка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мајка уште ми кажуваше дека во ноќта кога сме ја минувале со стариот семеен чун невидливата граница на самото Езеро, таа толку силно и длабоко се молела во себе што Бог сигурно одговорил на нашите молитви и ние спасоносно сме стигнале на другиот брег.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Видов еден пар, изразито панкерски во таа толку конзервативна средина и јас почнав да се “вселувам” во непознатата девојка со магента коса.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Додека да падне ноќта, веќе го имав целиот расказ на четири касети и бев вон себе од радост.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Отидов во зоолошка градина. До тогаш веќе носев замислено бебе.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Таа толку лесно и брзо подскокнуваше и потрчуваше што брзо тоа стана една игра во која сите ние бевме на една страна и самата таа на другата, против нас.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Едно големо и разлигавено мрсулаво, плачливо дете кое плаче по играчката на сиот глас, а кога ќе ја добие таа толку убава играчка гневно ја фрла на земја и бесно ја гази сѐ додека не ја искрши до последното препознатливо парче.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ааа, затоа таа толку многу ја скуси косата – се досетив – за да личи на него.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не беше фер, брат ми да има свој роман, а јас да немам, но и не беше фер што таа толку многу одолжуваше со него.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Го почна во Маврово пред две години, едно лето, па го прекина, за да продолжи дури сега.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Огне и Аделина дојдоа во исто време од различни страни.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)