таа (зам.) - слободно (прил.)

Но кога мажот ѝ Шандор ги виде тие касаници на неа се посомнева во Богдана со кого таа слободно се однесуваше на скелето и го истера. Неа ја претепа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На Толета не му ни требаше повеќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е море, си ода, бацко Толе, си ода, бре, млада су, ми се сака да носа, да јада локумчиња, шиќерчиња? — му одговори таа слободно и му намигна со левото око. — Зар тебе не ти се каснуа пиленце?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега, меѓутоа, не е така; никој не ја брани гората но изгледа и никој не ја кради па буи таа слободно, и во ширина и во висина, станата е вистински орман.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)