таа (зам.) - сигурно (прил.)

Дури и ако нашата уметност случајно влезе интернационалната “mainstream”, таа сигурно ќе биде обоена за некое време од многу посилната емоционална врзаност со нашата специфична лоцираност, нашето минато и нашата иднина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На тој збор и таа сигурно паѓа и бестелесно плови во твоите небесни очи, пиејќи ја со сласт амброзијата од твоите усни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Заради задачата “Ема”, кога со полицајката ќе останеа сами, се однесуваше необично, плашејќи се да не ѝ погледне в очи зашто таа сигурно знаеше (така претпоставуваше Деница) да прочита барем мал дел од нејзините намери и затоа, кога ќе останеа сами, Деница разговорот го насочуваше кон нешта кои бараа двете да гледаат нешто таму некаде, да пребаруваат таму некаде, да се смеат или да се чудат на нешто што е таму некаде, надвор од нив, а пак тука некаде, во близината, во канцеларијата, во собата, во ресторанот, на улицата, кон нештата кои беа доволно интересни и важни за да бидат двете свртени кон светот што ги опкружуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не знам зошто мислам дека нештата ќе се променеа и дека животот ќе ѝ беше поинаков... ама знам дека таа сигурно ќе си останеше истата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа сигурно не зависеше од тенката државна плата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Наместо: од работа - дома, ќе биде: од работа - дома - па на шетање. (Таа сигурно мисли дека животот ќе ни се претвори во пеколни маки поради тоа што секојдневно би морале да го шетаме детето, па и суптилно ми напоменува дека сака да биде машко, рече - ќе мораме него да го шетаме).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Таа сигурно се родила како последица на лошите случувања со авторите на неумесните шеги!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, неговите зборови беа порозови но притоа и погорчливи од овие што јас ги употребив, но мислата верно ја пренесувам, со малата додавка дека своето размислување Боге од Бањи го проследи и со неколку насмевнувања во кои за жал изостана присуството на птици.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Слична 4 Gustav Metzger: Manifesto Auto-Destructive Art, 1961. 5 Carol Cohn: Sex and Death in the Rational World od Defense Intellectuals, Signs: Journal of Women in Culture and Societu, 12:4, 1987. 60 okno.mk е, иако длабоко воздржана, и Лифтоновата потврда на нејзиниот напад врз „професионалниот дискурс“ кога вели: „Извесна доза вкочанетост веројатно е неопходна во мноштвото професионални ситуации - среде операција хирургот не смее да си дозволи во потполност да ги искуси консеквенците од евентуална грешка - но таа сигурно е прекумерна во нашите општества во овој век“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа го одбива „професионалниот дискурс“ на мажите чиишто умови се користат „во милитаристички цели“ и за „неверојатни апстракции“ од типот - smart bombs, friendly fire, clean bombs, collateral damage (паметни бомби, пријателски оган, чисти бомби, колатерална штета) - поради начинот на којшто го порекнуваат она што е „познато од стварноста“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сакав да ѝ одговорам дека умирам од здодевност идека полош филм не сум гледал во животот, ама таа сигурно ќе се разочараше во мене ако тоа ѝ го признаев, па ја излажав: - Дури и ми се плаче од што е тажно, - шепнав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Од мама ќе скријам, - си ветив, - таа сигурно ќе ми се изразвика и ќе ми забрани другпат да учествувам во такви гужви, - си мислев, возејќи се кон единаесеттиот кат на којшто живеам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа таа сигурно ќе знае со нив убаво да си игра.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не ми беше доволна за смирување на совеста онаа кукавичка мисла дека таа сигурно ме оправдува пред себе, затоа што знаев дека мисли дека тоа што не ми прозборела на онаа средба ме преплашило, ме пресекло, знаев дека не помислува дека посилна од мојата преплашеност од нејзиниот молк и од нејзината скаменетост, требаше да биде мојата должност да ја посетам пак, да ја прашам како е, да слушнам дали тогаш можеби нешто сака да каже, или и натаму се задушува во молчењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Полноќта беше поминала кога вратата крцна, и Клара влезе во спалната на моите родители.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ќе види, што ќе види: мајчиниот топол поглед заменет со мртовечки череп, како оние што ги има на секој трансформатор насекаде низ светот и под кои пишува: внимавај, опасно по живот!
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А да беше старата питомина во мајкиниот поглед, таа сигурно благо ќе го прекореше оти костумот му е толку искинат и бербатосан.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Влатко немаше смелост да ја погледне Теми, зашто таа сигурно би го одгатнала тој трепет скриен во неговата душа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога некој од нас ќе се разбудеше среде ноќта, поради некој мачен сон, измачувани од гладот, останувавме будни, ја дочекувавме муграта, со надеж дека таа сигурно ќе ни донесе леб.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Испитано е дека таа сигурно ќе го крене нивото на Езерото, од кое зависи и ефикасноста во изградбата на нашите хидроцентрали на реката...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа сигурно му го доближуваше хоризонтот на родната земја. На земјата без враќање...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)