таа (зам.) - секојдневно (прил.)

Многумина од оние кои беа присилно донесени во Гнездо, бараа да бидат пуштени; некои молеа тивко, склопувајќи ги рацете пред докторите или паѓајќи на колена пред нив, некои пак врескаа молејќи, некои се закануваа: “Ќе ве испратам сите во пеколот,” извикуваа оние кои веруваа дека се богови, богови само за кратко паднати на земјата; оние што беа уверени дека се големи војсководци кои се сега затворени од противниците, се закануваа дека, ако не бидат пуштени со добра воља, штом одново ќе дојдат на власт ќе се осветат; а имаше и такви кои се закануваа со нешто едноставно – дека ќе им ги свиткаат вратовите на докторите, или ќе им ги прободат телата со нож.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вгнездувајќи ѝ се во новиот дом, таа секојдневно градеше тивка стратегија, како Рада да се истисне од домот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ние чекоревме како да не ја забележуваме, затоа што нејзините обиди и нејзините зборови ни станаа вообичаени - таа секојдневно се обидуваше да дојде до својот дом, своето гнездо. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но таа секојдневно упорно настојуваше да ме ослободи од сите тие обврски, за кои, веројатно, сметаше дека е прерано да ги носам на себе и успеа во тоа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не можејќи со ништо да ѝ наштети на својата непожелна снаа, таа секојдневно ѝ ги крадеше продуктите од замрзнувачот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)