таа (зам.) - секогаш (прил.)

Мајка ми беше добродушна жена и немаше сили (ниту сметаше дека ѝ е дозволено јавно да го проценува однесувањето на татко ми) да се спротистави на инаетот на татако ми, така што таа секогаш тој негов инает го поддржуваше, не како инает, туку како негово право, па дури и правда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа што таа секогаш велеше дека има толку многу да каже, ама не знае да се изрази на хартија (на компјутерите беше алергична) и не се осмелуваше да каже дека почнала да пишува!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потоа, е потоа научив да ги споделувам работите. Не бев повеќе сама.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Залудно ги правев сите тие лоши работи, таа секогаш се концетрираше на бебето. Ме молеше да внимавам на него.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Така почнаа да го критикуваат по весниците, само година дена по неговото соединување на архирабинската столица.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А потоа тука беше и таа секогаш присутна сенка на претходникот на Цви, чуварот на архирабинската столица, оној обзирен рабин Хаим Хабиб што и двајцата не го сакаа можеби поради неговата вечна љубезност и секако поради тоа што многумина во заедницата го сметаа за неофицијален главен рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Што и да ѝ се случувало на таквата личност во животот, колку и да била повредувана, таа секогаш може да погледне во минатото и да почувствува дека може да биде сакана. 54 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Така и сторив: со туркање се изборив за тоа прво седиште до прозорецот - ама до мене седна Оливера.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од прво до четврто одделение таа секогаш најубаво раскажуваше за сè што го беше забележала на есенската прошетка во Сарај.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таа секогаш беше најсилна по природа и општество.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И иако смртта на уметноста е објавувана многу пати, особено во овој век, таа секогаш успева да се реинкарнира на чудесен начин.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Брат ѝ Митре беше единствениот писмен човек од нејзиниот род, затоа таа секогаш одеше кај него, кога добиваше писмо или требаше да се пишува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се симна во кошарата, најде лопата зад вратата, каде што таа секогаш стоеше, па се зафати да го исфрла ѓубрето низ една вратница од западната страна на кошарата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гоце, единствената надеж на мајката, му ја стискаше раката како да сакаше да го додржи до свест, го плескаше по бескрвните образи со галежни шлаканици, молејќи се да го има жив во рацете барем додека не се појави таа секогаш Брза помош или додека не долета тој волшебник од лекар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И покрај сеопштата желба на човекот за „вештачките раеви“, без оглед дали се реализира во текот на животот или не, таа секогаш е присутна и би можело да се каже дека е повеќе правило отколку исклучок.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Инаку таа секогаш беше многу слаба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како мајка која си ги сака сите свои деца, а сепак, од причина за која само таа знае, со посебна нежност кон едно од нив, таа секогаш го издвојуваше тоа прво лубениче за да му подари поголемо количество приврзаност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Плодовите на земјата таа секогаш ги сфаќаше само како подароци од земјата и ги јадеше без да размислува како тие настанале, ги прифаќаше како што ја прифаќаше и чашата со вода што ја пиеше, сѐ додека не ги виде нештата во овие бавчи како од семе се развиваат во цвет а потоа во плод.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За среќа таа секогаш ги сфаќаше со чудна леснотија наговестувањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но таа секогаш задоцнува кога се во прашање нејзините обврски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Средбава во вагонот, а потоа и моето присуство веројатно ѝ се чинеле и премногу податлива околност за излевање на некоја нејасна завист а можеби и на горчина во која не бев упатен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа секогаш располагаше со доволно енергија но и со непоколеблива безочна упорност за да почувствува потреба да ја прикрие својата намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веднаш знаеше за што се работи. Затоа и ме замоли да скратам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа ние сме овде. Почитувачите, пријателите“...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа Густав реши да ја смести Клара во психијатриската клиника Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ја враќале во нивната куќа, Густав ја прашувал: “Зошто побегна од дома?,” таа секогаш одговарала исто: “Јас овде не сум дома.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа секогаш го покровителствувала православјето и словенството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И затоа што таа секогаш беше фер кон него и навистина не заслужи вакво нешто.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа секогаш беше фер кон него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Секогаш била фер. Тој имаше право да каже што мисли за сè и таа секогаш се консултираше со него за некои суштински работи, бидејќи не сакаше да биде нечувствителен странец.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Онаа што му беше шеф Таа секогаш беше фер.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Просторијата за посети, остаток од некогашен манастир, беше комбинација од ќелија и исповедалница.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
– Чудно – рече Сатурн. – Таа секогаш имаше цврст карактер, со многу самоконтрола.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но независно дали оди по леб или на гости кај чичко ѝ, таа секогаш беше дотерана, средена и изгледаше совршено.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
За волја на вистината надворешната политика на времето во семејството беше исклучиво татков ресор, за да го споделува подоцна со постарите синови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но таа секогаш имаше свое толкување за политиката и балканската историја, инстинктивен рефлекс за настаните кои се вестеа, а беа во врска со основната семејна стратегија како во бурните настани на Балканот да се спасат децата!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа секогаш носеше и нешто за везење за да се учи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа секогаш ќе постои и секогаш ќе биде иста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За време на Двете минути омраза таа секогаш ги надминуваше другите во измислувањето навреди на сметка на Голдштајн.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Трајната татковина никогаш не ја стасавме, таа секогаш ни беше во вечно одминување, во забрзано движење, но никогаш вистински допрена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Посакав да ѝ го речам тоа, но нели, пред да сторам било што, требаше да ја замолам да се наведне за да ѝ ја дофрлам мојата намера во увото, но тоа се чинеше незгодно поради испитувачките погледи што го следеа моето однесување, а постоеше и оној личен проблем во моите мисли, што постојано го мотав и размотував, во него беше присутна Катерина; нели, таа секогаш ми идеше на ум иако преку некоја взаемна согласност ние практикувавме необврзувачка меѓусебна припадност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Лев Петрович, што вие? се замеша мајка ми. Таа секогаш страхуваше од големи возбудливи зборови.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Затоа Таа секогаш ќе бара пристан и завет зад тивкиот праг, дома.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но на крајот од таквите дни кога тој беше тука за неа, таа секогаш плачеше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А потоа, оној мрак во испразнетите куќи, стравот што демне од секое ќуше, а и темницата; она чувство што го потхранува таа: дека секогаш постои можност и некој друг да се појави од длабочините на ноќта, некој што исто така е претоварен со страв!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секако, знам, за да се затскрие скапоценоста таа секогаш го пронаоѓа најтајното место, а за да дојдеш до неа не треба само ум, туку по малку и среќа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потоа можеш да пишуваш сè и сешто или да гледаш во ништо но таа секогаш ќе преде крај тебе – под, над, до твоето име.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
XXVII Речиси во секоја порака што ја добивав од Елен Лејбовиц, таа секогаш на преден план ја ставаше одбраната на моето пишување за балканските настани од призмата на стратегијата на преживување која се криеше во татковите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бев свесен дека патот кон реалноста, патот на храброста води секогаш кон другиот со кого е можен излезот, во нашиот случај излезот од балканскиот лавиринт.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Неа, пустата, во раце или на рамо јa носиш или преку рамо, па дури и како стап ако јa носиш, таа секогаш јa прави истата валкана работа: убива и толку.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И кога стигнуваа вести дека партизани ќе поминат низ село или ќе останат на конак, таа секогаш излегуваше и, стоејќи скраја од патот, гледаше како минува колоната и прашуваше дали некој ги знае нејзините Ристо, Ташко и Циљка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Не можеме, - вели Билјана. - Таа секогаш сака да биде мајка!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не разбирам, ако толку сме им недостигале, зошто отишле без нас? Кој ги терал?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И од тетка ми Ане, таа секогаш знае да ме утеши.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)