таа (зам.) - речиси (прил.)

Таа речиси никогаш не зборуваше за своето враќање од родната земја во 1973 година.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во таа вечер на неговото заминување имаше нешто надреално – таа речиси среќна исповед на мајка му, додека очите ѝ блескаа како што никогаш дотогаш не беше видел.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му се чинеше дека на неговиот учител дури и му беше страв од неговата посветеност, од таа речиси нечовечка страст по знаење.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во сенката на дебелите yидови низ кои шпартаат специјални видови на гуштери - чии паѓање во нечија коса предизвикува едвај видливо бранување од извик, страв, паника среде таа речиси пустинска неподвижност (оттаму, од таа статичност, можеби потекнува и „сценската“ форма на овој скеч?!) - господинот Иљаз, првиот попладневен посетител во чајџилницата САМО ТИ ЈА, зависнички (истовремено страсно и одмерено!) го срка првиот од низата чаеви што следуваат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Чана не ѝ дозволува Петра да си ја идентификува сопствената судбина и сопственото постоење со постоењето на оној човек онде, Чана живее само во мигот во кој реално постои и затоа таа речиси со гласот ќе ја крене на нозе без да биде свесна за тоа, ќе ја натера да си ги наниже бовчите на рацете, се разбира, во низата и неколку кокошки врзани со сиџимка, на крајот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дали поради заминувањето на Пела на училиште или поради поставеното барање поинаку да се облекува, таа речиси цела ноќ водеше разговор самата со себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа речиси на колена го молеше Зрновски да му ја објасни на Самоников смислата на созревањето и на бербите: „Објасни му, те молам, сѐ за плодовите“, инсистираше таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Растеш?“ Мајко мила, се вцрвев толку што ми се пристори небаре ушите ќе ми расцутат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама ја прифатив нејзината шега: „Растам“, реков, „ќе дојде колце на тркалце и тебе ќе те надраснам!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Кога? - си помислив. Па таа речиси го надминала Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таа речиси и никогаш не помислуваше на тоа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)