Тоа беше за мене голема, незаборавна средба во животот.
Mногу години по завршените студии, јас поретко одев на часови по француски јазик кај мојата професорка. Kако некогаш на мојот татко, постојано ѝ носев книги, кои таа ревносно наоѓаше време да ги прочита и потоа да ги коментираме заедно, да ги потцртува со молив за мене позначајните места.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)