И мечката го сети тоа. Таа првин како да се ребреше од новиот истрел, што го очекуваше, онака свртена и безмалу совладана, а кога истрелот не доаѓаше, таа прво си се врати на својата дира, со крвта, што ѝ се сливаше по снегот, а така вратена, таа како да се најде повторно себеси затрчана и веднаш продолжи кон него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа првин почнуваше со ѓаволестиот Касандар, кој го основал градот триста години пред нашата ера и му го дал името, според името на својата жена Тесалоники, сестра на Александар Велики.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ниска е за толку високо нафрлениот снег, та затоа таа првин со раце, сѐ дотаму до каде стига, го исфрли снегот, а потоа го доисфрли со кундакот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)