Меѓутоа, без филозофија не се може.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И кога науката ќе ги доведе до крајни граници фактите на сопствениот систем, таа повторно ќе ѝ се обрати на филозофијата барајќи поткрепа за хипотезите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Од целата оваа ситуација, која е прилично тешка за психофизичко издржување – земајќи ги во предвид многуте неисплатени плати, долгиот процес на трансформација на претпријатието во приватна сопственост, а во некои размери и лошата, а на моменти и непријателска работна атмосфера – В.И. ја гледа, условно речено, добивката од добивањето на овој судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оваа првостепена пресуда беше доброволно извршена од страна на директорот на туженото акционерско друштво (Љ.Дракуловски) – при што немаше потреба да се иницира нова постапка за присилна наплата кај извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За во иднина, В И. – која сега работи во друга приватна фирма и која, поради оправданиот сомнеж во партиската блискост на синдикалните лидери, не е член на ниту еден синдикат – вели дека ако се најде во ситуација повторно да ѝ се прекршени работничките права, доколку нема друг начин на справување со бесправното, таа повторно би се впуштила во спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Мајка, и во оваа, како и во други немирни Таткови ноќи, око не склопи, а ако ненадејно ја совладеше сонот, таа повторно, и во сонот, беше тука, до Татко.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Таа повторно се наведна над креветот и нејзиниот здив заедно со здивот на другиот, испари во неговиот систем за дишење и го пренесе неверството во неговиот крвоток.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И тогаш таа се изгуби. И сите нејзини работи, што таа повторно ги стави на нивните места во собата, исчезнаа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таа повторно гледа. Сеќавањето може да започне како чисто уживање на непцето: дедо ми Павле подготвува пита пастрамајлија.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во тие предвечерни часови, по молитвата, таа повторно се чувствувала како ангел (во себе и за себе), просветлена, босилочна, темјанеста.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тогаш, таа повторно слегувала во дворот, ги собирала пчелите околу себе и во рој ги внесувала во трмките.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Квечерината, кога ќе се вратело миризливото ветре во дворот, опрашено од поленов прав и полско билје, а со него ќе исчезнела реата од купечки мириси и нечистотии, таа повторно се миела за да го симне валканото од себе, повторно ќе влезела во молкот манастирски и шепотно молитвела и го молела Светиот Дух за спасението човечки и преображението свое: Свет Духу, во мене влези, засолни се, со светлина озари ме, со ангелска лика надари ме, ангел стори ме, во ангел престори ме. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На неговите гради, таа повторно ги затвори очите за во темнината на затворените капаци подобро да го слушне ритамот на неговото срце, што, како и бакнежот, полека се смируваше во ритмично биење токму таму, под нејзиното уво.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Маргарита не ме погледна повторно во прозорецот но тоа токму и го докажува контактот, неговиот таинствен пулс; Ана можеби е срамежлива или едноставно ѝ изгледа бесмислено да го прифати одблесокот на тоа лице кое пак ќе се насмее за Маргарита, а освен тоа важно е да се стигне до Сен-Силпис бидејќи ако до крајот има уште осум станици на линијата Порт д Орлеан, само три се спојуваат со други линии па само доколку Ана се симне на една од тие три станици мене ми останува можноста да се поклопиме; кога возот почна да забавува пред Сен-Силпис погледнав еднаш па уште еднаш во насоката на Маргарита барајќи ги очите кои Ана сè уште меко ги потпираше врз работите од вагонот како да се согласува со тоа Маргарита веќе и да не ме погледне, со тоа дека залудно е пак да се очекува таа повторно да го гледа одблесокот кој ја чека за да ѝ се насмевне.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кога таа повторно се врати надевајќи се дека ќе ја прифати, тој повторно избега.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Таа повторно почувствува како забрзано ѝ чука срцето, но и силен скокот одвнатре во утробата кој се ширеше низ целото тело.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Според ритамот на дишењето беше јасно дека таа повторно тоне во сон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Следниот ден таа повторно се појави.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа повторно се наведна. „Гледате дека не ги виткам колената.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
”, и таа повторно пукна.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
- А потоа, среде збунувачкиот молк на сите присутни таа повторно ќе се јавеше.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дури кај одмаралиштето таа повторно се свртува кон мене за да ми објаснела дека за жал добитоткот, за разлика од луѓето, побавно ги сфаќал нагледните примери.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Паметам дека ѝ реков оти многу ги жалам децата кои сонуваат лоши соништа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Опа!” копкајќи со прстот таа повторно однекаде ја врати играчката и го намота конопот околу неа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Без разлика колку и добро да познавате нечија уметност, секогаш кога ѝ се навраќате таа повторно извира пред вас како нова, врз основа на новиот контекст, бидејќи вие сте изменети од минатиот пат, а и светот исто така.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За некои од нас, многу, јас засекогаш ќе бидам негов должник, сепак ослободен од секаква грижа на совест, бидејќи Ворхол ниту живееше, ниту работеше, ниту страдаше, ниту умре за мене.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
” “Желба”. (Случајно собрано на една забава во Гринич Вилиџ, некаде околу 1966-та година) Една од подобрите работи кај делата на големите уметници е тоа што секој посериозен приод кон делото секогаш вродува неочекувани резултати.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Мислев дека би умрела од жал кога таа повторно би ме оставила толку долго сама.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)