А кога таа повремено ќе направеше обид да се помрдне кон едниот ѕид на куќата или плевната за да шмугне крај него, и тоа се помрднуваше на таа страна за да ја спречи да му избега и за полесно да ја зграпчи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
А оној ден во пеперуткарникот, кога Клара, Сара и јас зборувавме за мајчинството, Сара покажа на две пеперутки кои, соединети, летаа во воздухот, зачнувајќи го своето потомство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Еднаш, кога ни кажуваше како некое дете од домот за деца без родители, каде што таа повремено помагаше, ѝ рекло “мамо”, ми се пристори дека во нејзиниот глас почувствував нешто како разнежнување, некакво нејасно навестување на желба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)