Го советував него а всушност себеси се прекорував.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога ќе вети, таа обично и исполнува, - сечудев.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Можеби и затоа му реков на Иван, божем со намера да му помогнам при неговото навлегување во светот на возрасните, дека непромисленоста не е секогаш најдобар сопатник, дека таа обично нѐ доведува во непланирани ситуации.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Реков и нешто многу слично на следниве примери: многупати се имав упатувано каде треба да заноќам, а втасував таму од кадешто потоа не знаев како да се вратам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)