таа (зам.) - набрзо (прил.)

На крајот се запушти, ја остави математиката и живееше како дивјак, во нечистотија и осаменост, жалејќи се на незадоволеното самољубие.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дури кога госпоѓата сврте да влезе во зградата во која очигледно работеше, дури тогаш таа набрзинка ја подзаврте главата в десно, го погоди со еден краток поглед и, сигурно задоволна, му се изгуби во влезот на зградата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Токму тој ден ѝ ја оставила и мачката, зашто веќе ги потрошила сите пари што ѝ ги оставил Сатурн.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Единствено Ирина повеќе-помалку се извлече, благодарејќи ѝ на својата животинска љубов кон себеси; таа набрзо го остави Вадим и некаде се вработи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пред да замине од Барселона, ѝ ја оставил полумртвата мачка на некоја девојка, која ја презела обврската и понатаму да ѝ носи цигари на Марија. Но, и таа набрзо исчезна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)