Таа вака го објасни тоа: „ Кога водиш љубов, ти употребуваш енергија, а потоа се чувствуваш среќен и пет пари не даваш за ништо.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дури таа вака си мечтаеше, раката ѝ врвеше по главчето горедолу, а наеднаш рачето на чупето го подигна гушалчето, ја пушти дојката и нежно, нежно го растегна малото устенце, гледајќи ја мајка си право во очи; пушти едно „гуу, гу, a? а?“ и почна да ја врти главата пак таму ваму: да ја лапне дојката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И во себе повеќе сакаше да не се врати, оти како ќе го пречека таа вака пропадната, поцрнета, остарена?
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)