Го ставија на азното! Од таа Црвената помош се офајди не само Сврделот туку и тој Ѓунијата и што знам кој уште.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Околу таа црвена дамка само уште денес, и можеби најдоцна до утре, ќе се збираат неизлечивите љубопитници: ќе стојат со рацете во џебовите и одвреме-навреме со малку смртна трема ќе погледнуваат угоре обидувајќи се да го измерат тој пат на ужасот од работ на терасата па сѐ до врвовите на нивните чевли, и притоа ќе се трудат да останат на разумна оддалеченост од грдите белези на смртта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Очите веќе му беа бистри како кога се врати без револверот со калибар седум шеесет и пет бо уште со пасошот в џеб, со таа црвена книшка на магиска моќ да се отиде во невидени светови или на иселеничка плашлива надеж дека човекот може да најде и втора татковина.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На Катерина ѝ реков дека во слаткарницата дознав за смртта на еден мој познајник. (Забележувате: не го употребив зборот пријател).
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)