Да ја отворев уште тогаш таа врата и да го минев нејзиниот праг јас ќе ја задржев посилно во меморијата на мојот живот таа храбра таткова Мајка, Хазбије анм со силен инстинкт низ своето постојано жртвување во животот да ја спасува својата рожба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Полардовите не беа слушнале ништо сѐ додека таа храбра млада жена, со која се беа спријателиле преку летото, не ги разбуди со телефонски повик во два часот по полноќ, кога напаѓачот конечно заминал, а таа успеала да се ослободи пресекувајќи ги траките со кујнски нож, и ги замоли едниот од нив да ги причува децата коишто сѐ уште спиеја додека другиот од нив ја превезе до најблиската полициска станица и болница, за да може да го пријави силувањето и да добие лекарска помош со најмали можни последици врз децата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Но Мајка, таа храбра жена, не ќе беше тоа, ако во длабочините на Татковите сини очи, во подзгаснатиот сјај, не ја забележеше потиснатата, скриената тага.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)