Се потам кога помислувам на илјадници и илјадници лични судбини, на таа страшна, крвава демонтажа на личните животи.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Од каде таа страшна потреба да се уништи сѐ што се градело, да се запали, да се срамни со земја.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Маргиналецот не напаѓа фронтално, затоа што фронт нема; има безброј мали, ситни сцени што симулираат конфликт и чија резултанта е тој огромен, космички, ентрописки (во нас енграмски запишан, врежан ко испарена трага, и оттаму таа страшна воинственост, борба за простор, за нечија свест?!) раскол!?
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Постепено таа станала свесна дека нема да бидат никогаш среќни со мажот поради таа страшна вистина, колку и да се сакаат.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Со таа страшна закана сонцето се ослободи од лутината. Се изгуби.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Дојдов, ми се обрати со мисла пред да речам нешто.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Уживав, за таа страшна реченица повод бев јас, мал и сепак значаен.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Стоев едно време како здрвен, а во градите срцето ми чукаше толку силно што се уплашив да не добијам инфракт, или инфаркт, веќе не знам точно како се викаше таа страшна болест на срцето.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Смрт. Таа страшна слика, тешко сознание и најлудите и најпакосните за час ги смири.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Помеѓу двете зелени утра е нашиот неспокој зборот е таа страшна гасеница што нѐ брсти.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
А тој лежеше и чувствуваше дека таа страшна, изветвена шега се остварува.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Потоа, кога веќе почнав да ви кажувам за таа страшна гарсониера во Карпош, да ви речам дека неа никогаш не ја проветрував од страв, се разбира, да не нешто ме видат соседите, некој вишок прашина и застаеност да не им сетат затруените носеви.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)